Објавени се првите кадри од филмската драма „Панамски документи“ во продукција на сервисот Нетфликс, во која ќе ги видиме остварувањата на извонредна актерска екипа, која ја сочинуваат: Шерон Стон, Антонио Бандерас, Мерил Стрип, Гери Олдман, Мелиса Рауч, Дејвид Швимер и многу други. Новото режисерско остварување на Стивен Содерберг, работено според сценариото на Скот З. Брнс, всушност е филмска адаптација на црната комедија на Џејк Бермстеин „Панамски документи“.
Таа дава увид за тоа како богаташите ги „переле“ парите преку една адвокатска компанија во Панама. Филмот ја следи Елен Мартин (Мерил Стрип), чиј одмор од соништата тргнува во погрешна насока и ја води во „зајачката дупка“ на валканите работи на една адвокатска фирма во Панама Сити, со која управуваат заводливите партнери Јирген Мосак (Гери Олдман) и Рамон Фонсека (Антонио Бандерас). Таа набргу ја открива шемата, која докажува како богаташите ги кријат парите од јавноста.
Филмот премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција, а на 18 октомври ќе биде прикажан на Нетфликс. Месецов исто така се очекува негово прикажување и на фестивалите во Торонто и во Сан Себастијан.