Издавачката куќа ПДВ од Хрватска го пушти своето најново издание во продажба во Словенија и во Хрватска, а наскоро истото тоа ќе може да се најде и во Македонија во музичката продавница „Ап(о)тека“ при Младинскиот културен центар. Станува збор за саундтракот од музичкиот документарен филм „Мојот превртен свет“, во режија на Петра Селишкар и во продукција на „Петра пан филм“ од Словенија, ППФП-Македонија и „Рестарт“ од Хрватска. Материјалот е достапен на винилен ЛП-носач со дополнителен винил, како и во дигитални формати, и го продуцира издавачката куќа ПДВ од Хрватска.
Во филмот се испреплетуваат музичките изведби на актуелните водечки алтернативни музичари во светот, кои ги реконструираат песните на словенечкиот Чарли Чаплин, универзалниот уметник Фране Милчински-Јежек, со неговата неверојатна архивска граѓа.