Сириската армија еднострано прогласи прекин на огнот
Сириската армија денеска прогласи нов четиридневен прекин на огнот со курдските сили.
Сириските демократски сили (СДФ) сè уште не одговориле на предлогот на сириската армија.
Објавувањето на привременото прекин на огнот уследи откако СДФ денеска се повлекоа од кампот Ах Хол во покраината Хасака, североисточна Сирија, во кој се сместени илјадници луѓе поврзани со Исламска држава.
Во кампот Ах Хол живеат претежно...
Македонија мора активно да се вклучи во глобалниот енергетски развој, порача Микоски од Давос
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Панелот за енергетика во Давос, каде потенцираше дека Македонија треба да ја развива својата економија и од економија која се темелеше од развој на автомобилската индустрија да го диверзифицира своето портфолио и да биде значаен чинител имајќи ги предвид перфомансите и потенцијалот којшто го нудиме во делот на секторот на енергетика.
- Денес имавме,...
Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
Со испитување на сведок и изведување на видео-докази од системот „Безбеден град“, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, при што одбраната оспори дека постојат директни докази оти обвинетиот му го доверил возилото на својот син и оцени дека Обвинителството не било соодветно подготвено при презентацијата на доказите.
На денешното рочиште...
Кривична пријава за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ против судија во Апелациониот суд Скопје
Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против Ѓ.Р. (53) од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари...
Судскиот совет му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, одобрен куќен притвор
Судскиот совет на Република Македонија денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и го одобри предлогот за определување мерка куќен притвор, по барање на Основниот кривичен суд Скопје. Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ одлучија судијата Ристов времено да се оддалечи од вршење на судиската функцијата.
Осомничениот апелациски...
Судскиот совет ја почна седница за имунитетот и куќниот притвор на судијата Ѓоко Ристов
Судскиот совет денеска ја почна 535. итна седница на која треба да одлучи за одземање на имунитетот и за одобрување на предлогот за определување мерка куќен притвор за апелацискиот судија Ѓоко Ристов.
Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ го усвоија дневниот ред на седницата, а со исто толку гласови донесоа одлука јавноста да биде исклучена од нејзиниот тек,...
Заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на Комисијата за заштита од дискриминација
Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ги сослуша сите кандидати за членови на Комисијата за заштита од дискриминација. Интервјуирани беа 14 кандидати кои ги исполниле условите. Најголем дел од нив се со завршен правен факултет и искуство во сферата на правосудството и човековите права, а има и такви кои имаат работно искуство во Комисијата за антидискриминација.
Дел...
За минималната плата треба да се разговара и да се дојде до најдоброто решение вели Азески
Ние сакаме да има што повисок праг на минимална плата, но тоа може да се уреди со зголемување на ефикасноста на работењето и продуктивноста, како и со намалување на трошоците, а треба да е поврзано и со одредени елементи кои значат раст на БДП, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Според Азески, за ова прашање треба да се...
Европа нема да дозволи да биде потчинета, порача Макрон од Давос
Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на своето денешно обраќање на Светскиот економски форум во Давос, порача дека претпочита „почит пред грубата сила“ и „владеење на правото пред бруталноста“. Овие зборови во дипломатските кругови се толкуваат како директен одговор на надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во моменти кога администрацијата во Вашингтон најавува формирање на нов глобален „Совет за...
Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци, предупредуваат од МВР
Министерство за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период е забележана појава на фишинг напади преку лажни СМС пораки, електронска пошта, веб-страници и пораки на социјалните мрежи.
Како што соопштуваат од МВР, лажните пораки наводно се испраќаат од Одделот за моторни возила, како известување од системот „Безбеден град“, при што граѓаните се пренасочуваат на лажен линк за наводна...







































