Двајца починати и четворица тешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи
Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие.
Како што информира МВР, во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир - Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно...
Треба да се одложи воведувањето на системот ЕЕС за транспортерите, вели Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Собранието изјави дека се согласува со ставот дека треба да се одложи воведувањето на системот ЕЕС за транспортерите. Николоски на седницата за опозициски прашања рече дека Владата го поддржува ставот на Комората на странските инвеститори во Македонија во врска со системот ЕЕС за влез и излез од ЕУ и најави...
Предлог-законот го регулира пушењето на отворен јавен простор каде има присуство или движење на повеќе луѓе, вели Алиу
Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или движење на повеќе луѓе. Поконкретно, станува збор за простор околу здравствени, образовни и социјални установи, јавни настани, спортски и културни настани, како и места наменети за деца, млади и семејства. Ова е особено важен аспект од законската рамка, имајќи...
Трамп му се закани на Иран со „бришење од лицето на Земјата“ доколку биде нападнат
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран со масовна сила доколку биде извршен напад врз него, во изјава дадена за американската телевизија „ЊузНејшн“.
- Целата земја ќе биде разнесена - изјави Трамп.
Тој додаде дека, доколку нешто му се случи, има „многу цврсти инструкции“, нагласувајќи дека „ако нешто се случи, тие ќе бидат избришани од лицето на Земјата“.
Изјавата...
Мора да бидеме подготвени да се соочиме јасните, реални и трајни предизвици, порача Руте
Безбедносната ситуација и стратешкиот контекст бараат наша постојано будност во услови кога Русија разместува воена опрема насекаде наоколу и нè тестира во воздушниот простор и преку кибернапади и саботажи, порача генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во видеообраќањето на состанокот на Воениот комитет на Алијансата на ниво на началници на генералштабови на земјите членки што денеска и утре се...
Виткоф утре ќе оствари средба со Путин во Москва
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, соопшти дека утре ќе оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин.
- Треба да се сретнеме со него в четврток. Русите сами ја побараа таа средба, што сметам дека е значајна изјава од нивна страна - изјави Виткоф во интервју за Си-ен-би-си.
Претходно, Кремљ потврди дека се подготвува за посетата на Виткоф...
Плетвар исчистен и прооден за сите возила
На превојот Плетвар нема никакви проблеми со снегот и сообраќајот се одвива без застој за сите видови возила.
Екипите го одржуваат патот и се подготвени за секакви временски промени.
- Во утринските часови до 10 часот имавме забрана за тешките товарни возила. Сега превојот е прооден за сите видови возила. Со механизацијата го исчистивме снегот и го посипавме коловозот и не...
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ОД ДРЖАВНАТА ЛОТАРИЈА
Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и институционалниот интегритет на работењето на Друштвото, при што се води од следниве принципи:
Правна стратегија, институционална одговорност и врвна...
Скопје чисто и проодно, соопшти Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на фејсбук-страницата објави дека Скопје е чисто и проодно од снегот и оти службите обезбедиле непречено одвивање на сообраќајот.
- Скопје - чисто и проодно! Со навремена и организирана реакција градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300...
„Се враќа“ Одделот за внатрешни работи – Скопје со измени на законите за полиција
Во рамки на 81. пленарна седница, пратениците денеска ја прифатија потребата за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, по скратена постапка, со коишто се овозможува организациска промена односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи – Скопје и се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник...







































