Грипот пред нашите врати – како да се заштитиме?
Институтот за јавно здравје алармира за двојно повеќе грипосани сограѓани од лани
Грипот не е „обична настинка“, велат експертите со кои се консултиравме од областа на здравството, додавајќи дека најдобра заштита за граѓаните е вакцинацијата, во пакет со одговорно однесување и со добра лична хигиена! „Со тоа се штитиме себеси, но и најранливите категории во општеството“, велат тие и...
„Европа не оди во вистинската насока, САД се економскиот мотор на светот!“
Клучни поенти од вчерашниот говор на претседателот на САД во Давос
Говорот на Трамп во Давос ја потенцира неговата визија за глобалната економија и меѓународната политика, повторно истакнувајќи ја потребата од силни сојузници и стратегиски енергетски иницијативи
Американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос во својот вчерашен говор гласно и многу прецизно изрази сериозни критики кон тековните...
Енергетскиот суверенитет како стратешки императив
Пораките на Македонија од Давос
Учеството на македонската делегација на Светскиот економски форум во Давос оваа година се одвива во услови на длабоки глобални трансформации, особено во областа на енергетиката и високата технологија. Пораките што ги испрати премиерот Христијан Мицкоски од Давос јасно го лоцираат прашањето на сопственото производство на електрична енергија како централна оска на идниот економски и...
Воопшто не нè засега тоа што се случува со Гренланд, вели Путин
Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ситуацијата околу Гренланд не ја засега неговата земја.
- Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега - рече Путин за време на оперативното советување со постојаните членки на Советот за безбедност на Русија.
Според рускиот претседател, САД и Данска ќе најдат заедничко решение.
- Мислам дека тие ќе се договорат меѓу себе...
Семејното воспитување – браник од негативните ефекти на технолошката зависност
МИНИ-АНКЕТА НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЗА МОЖНОСТИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕГАТИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ОД МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ И СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРЗ ДЕЦАТА
Родители на деца на тинејџерски години ги посочуваат семејното воспитување и меѓусебната комуникација како клучни за децата да ги разберат штетните влијанија од прекумерното користење на паметните телефони, односно на социјалните мрежи
Големиот проблем кај децата со прекумерно користење на социјалните...
Има уште многу работа околу Гренланд, вели шефот на НАТО
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека „има уште многу работа“ меѓу страните вклучени во спорот околу контролата на Гренланд, полуавтономен остров кој ѝ припаѓа на Данска.
Руте за американскиот радиодифузер Фокс њуз изјави дека тој и претседателот на САД, Доналд Трамп, во разговорите на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос се согласиле дека арктичкиот...
Пронајден скелет на македонски државјанин исчезнат во Брисел пред 22 години, утврдила полицијата во Белгија
Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест му припаѓал на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција.
Скелетот бил пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа.
По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа...
Две жртви во невремето во Грција
Припадник на крајбрежната служба на Грција во градот Астрос на Пелопонез и жена во атинската населба Глифада ги загубија животите во силното невреме што од рано утрово зафати делови од Грција, а противпожарната служба примила над 600 повици за помош - јави дописничката на МИА од Атина.
Доцна вечерва во Атина, животот го загуби жена која додека се движела пеш...
ФОТО: „Жолт картон за Усје“, нов граѓански протест против загадениот воздух
Голем број граѓани и попладнево се собраа на протест на раскрсницата на булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во близина на Цементарницата Усје во Скопје за да го искажат својот револт заради огромното загадување на воздухот во градот.
Граѓаните уште еднаш ги повторија своите ставови дека индустрискиот капацитет е голем причинител на загадувањето и повторно побараа дислокација.
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“...
Протести во повеќе бугарски градови за смена на генералниот обвинител
Пред судот во Софија, но и во Варна, во Бургас и во Пловдив граѓаните протестираат и бараат оставка од вршителот на должност генерален обвинител Борислав Сарафов.
Протестите насловени „Операција: Безвреден“ се организирани од иницијативата Правда за сите, а им се приклучија и групата Студенти против мафијата.
Демонстрантите тврдат дека Сарафов ја узурпира функцијата генерален обвинител најмалку половина година со помош на...







































