Психолозите предупредуваат; Поради жештините, се зголемува хормонот на стрес, се појавуваат раздразливост и немир

Не е за изненадување дека високите температури влијаат и на менталното здравје. Повеќето од нас не се чувствуваат најдобро кога надвор е претопло, и за тоа постои причина. Имено, психолошките реакции на топлината, можат да варираат од стрес до клинички нарушувања. Високите температури претставуваат посебен предизвик за луѓето со ментални нарушувања, бидејќи симптомите се влошуваат – нерасположението и анксиозноста растат...

Новиот тврд став на Трамп кон Путин е помек отколку што изгледа

Всушност, единствената казна вградена во предлогот на Трамп би вовела царини од 100 отсто против Русија и нејзините трговски партнери ако Кремљ наскоро не прифати прекин на огнот. Но тие царини би стапиле во сила дури по 50 дена без мировен договор, оставајќи ѝ на Русија доволно време да ја продолжи својата летна офанзива во Украина, со цел да...

Неуредното лансирање на буџетот на ЕУ ги разоткрива слабостите на Фон дер Лајен

Полн со скриени мини, спротивставени барања и препирки од Лисабон до Летонија, беше јасно дека нема да треба многу за прашањето за буџетот да ѝ се обие од глава на Фон дер Лајен. Повеќето влади не сакаат да ѝ дадат на ЕУ ниту евро повеќе отколку што веќе даваат, но Европскиот парламент го бара спротивното. Конфликтот во Украина предизвика...

Кој владеел со Америка во мандатот на Бајден?!

Најновите откритија за степенот до кој персоналот на Џо Бајден го ставал неговиот потпис на помилувања и комутации во негово име, користејќи уред за да го реплицира неговиот потпис/ракопис, се уште еден повеќе од очигледен доказ за тоа кој навистина ја водеше Бела куќа за време на неговиот мандат. Шегата е дека „автопенот бил на власт“. Тажната реалност е дека...

Време е да се дистанцираме од ЕУ, истакна Медведев

Политиката на Русија треба да биде насочена кон максимално дистанцирање од Европската Унија - изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи го усвојувањето на 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија. -Треба да инсистираме на максимално дистанцирање од Европската Унија и најконтроверзните земји од ЕУ - напиша Медведев на својот Телеграм канал. На овие земји сега можат...

Активни пожари во Желино, Василево, Македонски брод и Прилеп

Активни се пет пожари на отворен простор заклучно со осум часот изутрина од вкупно 29  во изминатото деноноќие. Два се од контрола, а 22 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според ЦУК, повторно е активен  пожарот во село Желино кон Еребино, на планината Жеден, каде гори нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација. И натаму се активни пожарите...

Петнаесетти „Марш за ангелите“ во Кочани

Петнаесеттиот Марш за ангелите се одржа вечерва во Кочани, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 62 лица. Маршот стартуваше од Паркот на револуцијата и продолжи кај кафуле „Класик“ во Трговскиот центар, општинската зграда, полицијата и Основниот суд. Родителите чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава, ги исвиркаа институциите покрај кои поминаа, како...

Владата нема да дозволи по никоја цена да бидат погазени идентитетските обележја на нашиот народ, вели Муцунски

Владата нема да дозволи по никоја цена да бидат погазени идентитетските обележја на нашиот народ, вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Во интервју за ТВ Телма, шефот на дипломатијата посочува дека и во последната дискусија во Европскиот Парламет се докажало дека уставните измени се само еден елемент од сето она што Бугарија сака да ни го наметне во насока...

Пожарот во Желино е ставен под контрола, велат од ЦУК

Пожарот што избувна денеска попладне во општина Желино е ставен под контрола, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Со пожарот се зафатени десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација. - Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во...

Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат, вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека три нуклеарни локалитети во Иран се целосно уништени и дека обновата на овие локалитети ќе трае со години. -Сите три нуклеарни локалитети во Иран се целосно уништени и/или збришани. Ќе бидат потребни години за да се вратат во функција и, ако Иран сака, би било многу подобро за нив да почнат одново, на...