Запленети 206 килограми кокаин на границата меѓу Бугарија и Турција, приведен дипломат

Бугарските гранични власти запленија речиси 206 килограми кокаин на границата со Турција и уапсија три лица, меѓу кои и дипломат од Демократската Република Конго акредитиран во Белгија, соопштија бугарските истражни органи. Дрогата, со проценета вредност од околу 20 милиони евра, била откриена во комбе со белгиски регистарски таблички, скриена меѓу лични предмети во пет куфери. Станува збор за најголема заплена на...

Изменет сообраќаен режим во Скопје кај кањонот Матка – Треска во наредните четири дена

Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје. Изменетиот режим ќе биде од денеска (понеделник), вторник и среда од 8 до 14 часот, а во четврток од 8 до 16.30 часот. Од МВР апелираат до граѓаните...

Цвет, камен, Дух на Ненад Рафајловски – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА

Фотографијата од Марковиот манастир, насловена Цвет, камен, Дух на авторот Ненад Рафајловски  е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.  „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата   Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во...

Денеска температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе...

Спортот е симбол на единство, култура и надеж, рече Силјановска Давкова на отворањето на ЕМОФ

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, синоќа официјално го прогласи за отворен Младинскиот олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, истакнувајќи го значењето на спортот како симбол на единство, култура и надеж. -Спортот ја манифестира убавата страна на сегашноста и ја гарантира светлата иднина на европскиот спорт -  порача претседателката Силјановска, нагласувајќи дека фестивалот е ретка можност за младите спортисти и гостите да се запознаат со...

Со „Небо“ на Григор Копров Ана Петановска и Дадо Топиќ победија на „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Дуетот Ана Петановска и Дадо Топиќ победи на фестивалот „Бисер на Јадранот“, што се одржа вчеравечер во Тиват, Црна Гора. Првата награда им ја донесе песната „Небо“, за која музиката ја напиша Григор Копров, текстот е на Дадо Топиќ, а аранжманот е на Стефан Петановски, братот на Ана. - Не ми се верува дека снимив дует со Дадо Топиќ, оваа...

Седум активни пожари во државава

На територијата на државата се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои - седум се активни, два се под контрола, додека шест се изгаснати, наведува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево – с. Нивичино, Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница, Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица,...

Трамп денеска одбележува шест месеци од преземањето на функцијата

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска одбележа шест месеци од преземањето на функцијата, пренесуваат американските медиуми. Тој ги сумираше своите достигнувања со објава на социјалната мрежа „Трут Соушл“. - Денес се навршуваат шест месеци од мојот втор мандат, кои се сметаат за еден од најзначајните периоди за секој претседател - нагласува Трамп. Тој посочува дека со други зборови, неговата администрација направила многу...

Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2

Највисока температура денеска напладне е измерена во градот Омдије во југозападниот дел на Иран, каде температурата достигна 49,6 степени, се наведува на веб-страницата Огимет, која собира податоци за метеоролошката состојба од целиот свет. На второ место е исто така град во Иран, Ахваз, кој е сместен во долината на реката Карун, каде се измерени 48,6 степени. Најстудената точка во светот денеска...

Запленети цигари без бандероли во тетовско

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции денеска околу 8 часот наутро го лишиле од слобода А.С. (45) од село Горно Палчиште, општина Боговиње, кај кого биле запленети цигари и тутун без бандероли. -При контрола на  патничко возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички, кое А.С. го управувал, пронајдени се 49 кутии со...