Училиштниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15 проценти во трговија на големо и мало
Во периодот од 15 август до 15 септември, а со цел спречување на растот на цените на училиштниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, Владата донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку...
За 30 дена продолжена кризната состојба за шумските пожари
Владата на одржаната 100-та седница донела одлука за продолжување на кризната состојба предизвикана од пожарите на отворено за 30 дена.
Како што соопшти владината прес-служба, со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените...
„Самовилска свадба“ на Сашо Гигов-Гиш е безвременски хит на „Охрид фест 2025“
Сашо Гигов- Гиш ќе добие награда за безвременски хит на годинашниот „Охрид фест- Охридски трубадури“ за песната „Самовилска свадба“, што првпат ја испеа на Скопскиот фестивал во 1998. Таа година, се избрираше првиот македонски претставник за Евровизија која се одржа во Бирмингем, Англија. „Самовилска свадба“ чии автори се Григор Копров и Јордан Данаиловски го освои второто место. Победи Владо...
Кинеска вечер на „Охридско лето“ исполнета со емоции, топлина и совршена хармонија
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со концерт на уметници од Кина кои на публиката и приредија незаборавна ноќ.
Во црквата „Света Софија“ настапија флејтистите Јуе Гуангхуи и Веи Ванг, пијанистката Хоу Јуан, како и лирскиот мецосопран Аи Ву.
На репертоарот беа дела од кинески и француски композитори:Габриел Форе, Морис Равел, Камиј Сен-Санс, Филип Гобер, Клод Дебиси, Жорж Енеску,...
Потпишан нов колективен договор за 20-процентно зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита
Министерството за социјална политика, демографија и млади и синдикатите на УПОЗ и СОНК потпишаа нов колективен договор со кој ќе се овозможи зголемување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита за 20 проценти, информира министерот Фатмир Лимани.
Тој на својата фејсбук страница пишува дека денеска со Синдикатот на УПОЗ и СОНК, го потпишале новиот Колективен договор кој,...
„Гугл“ му се потсмева на „Епл“ за прекршени ветувања
Техно
Американската технолошка компанија „Гугл“ објави кратко видео во кое ги рекламира своите нови телефони „пиксел 10“ и во исто време му се потсмева на својот конкурент „Епл“ за неговите неисполнети ветувања за надградба на својот асистент Сири со вештачка интелигенција.
Во видеото, кое беше објавено на платформата Јутјуб и мрежата Икс, нараторот иронично им кажува на корисниците дека „едноставно можат...
Претстава на Рисима Рисимкин на фестивал за Шекспир во Верона
Претставата „Д (како Дездемона)“ на кореографката Рисима Рисимкин, која е втор дел од трилогијата „Жените во творештвото на Шекспир“, тема со која Рисимкин се занимава во последниве неколку години, е поканета да гостува на 13 септември на фестивал за Шекспир во Верона, Италија. Музиката е на Тони Китановски, а костимите на Благој Мицевски. Премиерно се изведе во рамките на...
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење злато, лекови и суплементи
Златен накит вреден 1,3 милиони денари е запленет од мобилен царински тим при контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Богородица. Во случајот се осомничени две патнички кои патувале на релација Турција – Македонија, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за криумчарење, информираат денеска од Царинската управа.
При контрола на багажот и личен претрес, кај...
Пронајдена сибирска ледена мумија со тетоважи
Скенирањата со висока резолуција на тетоважи пронајдени на 2.500-годишна сибирска ледена мумија открија декорации што модерните уметници за тетоважи би ги сметале за тешки и комплицирани за создавање. Сложените тетоважи на леопард, елен, петел и митско суштество што е полулав, полуорел на телото на жената фрлаат светлина врз древна култура на воини. Археолозите работеле со уметник за тетоважи, кој...
Инвазија на алги низ целата планета
Инвазијата на алги во светските води станува сè позабележителна, а научниците го поврзуваат овој феномен со потоплите мориња и океани поради драстичните климатски промени во последните години. Во последните месеци, бреговите на јужна Австралија беа погодени од високоинвазивна алга што го уништува целиот воден живот, поради што жителите на брегот наоѓаат голем број остатоци од риби.
Од другата страна на...






































