Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука, вели Ангелов

Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука изведена во координација со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и територијалните противпожарни единици на Град Скопје, каде се одвиваше обуката. Овие лица утре ќе потпишат договор за работно ангажирање во рамки на владината мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од...

Нетанјаху: Не сакаме да ја задржиме Газа за себе

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за американската телевизиска мрежа Фокс њуз изјави дека Израел планира да ја преземе контролата врз Појасот Газа, но не трајно. - Не сакаме да ја задржиме (Газа за себе). Сакаме да имаме безбедносен периметар, но не сакаме да ја управуваме. Сакаме да ја предадеме на арапските сили - објасни израелскиот премиер. Интервјуто е дадено во...

Зеленски му се заблагодарил на Рама за поддршката

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на платформата „X“ наведе дека имал телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама. Зеленски напиша дека го информирал Рама за ситуацијата на воениот фронт и во дипломатијата, нагласувајќи дека Украина работи со сите партнери за да ја запре војната и да избегне понатамошни жртви. -Разговаравме за подготовките за состаноци на важни меѓународни сцени. Ова ќе...

Во пресрет на топлиот бран, Алиу ги потсети граѓаните за препораките за заштита од високи температури

Според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13 август 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одредени региони можат да достигнат дури 39°C. Министерот за здравство, Азир Алиу, на неговиот фејсбук профил ги потсети граѓаните да ги следат препораките за заштита од високите температури, со цел да се избегнат...

Утре стапува на сила Европскиот закон за слобода на медиумите

Европскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), клучен закон за заштита на новинарската независност во ЕУ, стапува на сила в петок, 8 август. Целта на законот е да ја заштити независноста и плурализмот на медиумите, како од политичко мешање, така и од влијанието на големите приватни групи. Фокусот е на проблеми како што се концентрацијата на сопственост во медиумскиот сектор,...

Вештачката интелигенција им дала низа вознемирувачки и потенцијално опасни совети на тинејџери

Според нова студија на Центарот за борба против дигиталната омраза (CCDH), вештачката интелигенција ChatGPT им дала низа вознемирувачки и потенцијално опасни совети на истражувачите кои се претставувале како ранливи тинејџери за тестирање. За време на повеќе од три часа снимени интеракции, ChatGPT одговорил на барања што вклучувале упатства за употреба на алкохол и дрога, криење на нарушувања во исхраната и...

МОН потпиша договори за финансирање 40 научно-истражувачки проекти со државни факултети, научни институти и МАНУ

Министерството за образование и наука потпиша договори за финансирање 40 научно-истражувачки проекти со државни факултети, научни институти и МАНУ. -Од нив, 15 проекти се од природно-математичките науки, инженерството и технологијата, медицинските и здравствените науки, како и од земјоделските и ветеринарните науки. Исто толку проекти се од општествените и хуманистичките науки. Првпат оваа година се финансираат 10 проекти од областите кои...

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница,  донесе неколку клучни одлуки во пресрет на претстојните локални избори. Од страна на ДИК беше усвоено упатство за именување на претседател, членови и нивни заменици во избирачките одбори, кое произлегува од законските обврски за формирање нови состави од редовите на државната администрација, со оглед дека оваа година истече четири -годишниот мандат на...

Тројца возрасни и едно дете осомничени за напад на полициски службеници во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица, осомничени дека заедно извршиле кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. - Тројцата соизвршители, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда...

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза

По извршена идентификација и поднесена кривична пријава од СВР Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 од Кривичниот законик, информираа попладнево од обвинителството. - Против него беше поднесено обвинение, бидејќи на 5 август, непосредно пред фудбалскиот...