Затворен за сообраќај патот Македонска – Делчево поради сообраќајна несреќа
Денеска околу пладне, во Секторот за внатрешни работи Штип, пријавено е дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа.
Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х.Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П....
Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ, соопшти Европската комисија
Прелиминарна истрага на Европската комисија утврдила дека Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА) со тоа што не ја исполниле својата обврска да им овозможат на истражните органи соодветен пристап до јавни податоци.
Дополнително, Комисијата заклучи и дека Инстаграм и Фејсбук ги прекршиле и своите обврски да им обезбедат на корисниците едноставни механизми за...
Повреден возачот кој утринава со возило удри во банкина кај клучката Хиподром
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Куманово, на клучката Хиподром, утрово од 9 часот беше во прекин поради сообраќајка каде товарно моторно возило марка „Мерцедес“ удрило во банкина.
Според информациите од СВР Скопје, во несреќата е повреден возачот на товарното возило, кој веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Поради преземање на мерки...
М-НАВ: Претседателот на ССКЛ, Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски
М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како заштита на права од работен однос, може да го остварува единствено преку Независниот синдикат чија што подружница е.
Во врска со штрајкот што требаше да се одржи на 20 месецов во периодот од 10 до 15 часот, но Граѓанскиот суд...
Лекарска комора: Д-р Кузмановски мора да помине тримесечна обука под водство на ментор и да полага испит
Поранешниот директор на Клиниката за неврологија д-р Игор Кузмановски мора да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор. По завршувањето на обуката, докторот ќе подлежи на испит за детална проверка на стручните знаења и способности, информира денеска Лекарската комора.
Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа...
Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата
Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште на кое требаше да биде донесена пресудата против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури кој на 1 јули годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола на пешачка патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) и избега.
Како што информираше Судот, рочиштето е одложено поради...
Од домашно прозводство покриена 93,2 проценти од потрошувачката на струја во август
Вкупното бруто-домашното производство на електрична енергија во август 2025 година изнесувало 381.301 мегават часови, што претставува 93,2 проценти% од бруто-домашната потрошувачка на струја, соопшти Државниот завод за статистика.
Во август 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 409 092 МWh електрична енергија, 20.185 милиони нормални метри кубни природен гас, 267.987 тони јаглен и 110.475 тони нафтени продукти.
Комунална хигиена: Во текот на вчерашниот ден подигнати 350 тони комунален отпад
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје, преку соопштение информираше дека во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, спровеле активности за собирање на комуналниот отпад од неколку локации во Скопје.
- Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ ЈП „комунална хигиена“- Скопје, спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпадот од контејнерите поставени на булеварот „Гоце Делчев“ до хотел...
Дезинформација е дека Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели Адеми
Дезинформација е дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми.
- Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката - изјавил Адеми за „Слободен печат“, во врска со пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека Ахмети сериозно размислувал да...
Изложба на скулптури од Синиша Новески во Прилеп
Во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва, во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од Синиша Новески. Изложбата е дел од годишната програма на центарот за 2025 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.
Поставката на скулпторот и професор Синиша Новески содржи околу 20 скулптури во различни материјали, мотиви и тематики. Тие се работени...







































