Трамп: Би сакал Кина да ни помогне со Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Кина да му помогне на Вашингтон во односите со Русија.
-Би сакал Кина да ни помогне со Русија. Би сакал да видам како Кина ни помага - рече тој во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“.
Американскиот претседател ги даде изјавите на пат кон Малезија, каде што се одржува регионален самит, и од каде...
Нов раст на цените во САД, покажува најновиот извештај на американското Министерство за труд
Инфлацијата во САД се забрза во септември, со забележително помал пад на цените на бензинот, покажа извештајот на Министерството за труд.
Според извештајот, потрошувачките цени беа за 3,0 проценти повисоки во септември отколку во истиот месец лани, пресмета министерството, што сигнализира највисока годишна стапка на инфлација од почетокот на годината. Во август, цените беа за 2,9 проценти повисоки на годишна основа,...
Во Клиничкиот центар ниту се градат, ниту ќе се градат станбени градби, реагира Министерството за здравство
Во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ниту се гради, ниту се планира да се градат станбени градби, реагираат од Министерството за здравство (МЗ), во врска со објавите за наводна изградба на зграда на паркингот кај ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
- Сите градежни интервенциите што се изведуваат во оваа зона се исклучиво поврзани со здравствената дејност и функционалната...
Бременоста го забрзува биолошкото стареење на жената
Нега и убавина
Бременоста не е само длабоко лично и емотивно искуство туку остава и траги на биолошко ниво на женското тело. Иако одамна е познато дека периодот на гестација претставува огромен физички и психолошки предизвик, научниците сè повеќе посочуваат дека последиците не се краткорочни. Од хормоналните промени и стресот врз кардиоваскуларниот систем, па до влијанието врз коските, кожата и...
Премиера на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II
На големата сцена на Националната опера и балет, денеска, во 20 часот, ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври во 20 ч.
Диригентка е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на...
Озонската обвивка би можела да се обнови до средината на векот
Озонската дупка во 2024 година била помала отколку во периодот од 2020 до 2023 година, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Таа била и помала од просечната во периодот од 1990 до 2020 година, според новите податоци на СМО, објавени на Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка. Тоа е делумно поради природните атмосферски феномени што доведуваат до годишни флуктуации,...
Аматерскиот театар е основата на сценската уметност – местото каде што се раѓа љубовта кон театарот
Заврши Драмскиот аматерски фестивал во Кочани
За ДАФ да продолжи да расте и да се издигне на повисоко ниво, потребни се системска и институционална поддршка - стабилно финансирање, современи услови за работа и посилна медиумска видливост. Нашата визија е фестивалот да се позиционира како регионален центар на аматерскиот театар, со резиденцијални програми, едукативни сесии и можности за младите уметници....
Алчноста за суровини ги уништува шумите во светот
Заради увоз на суровини, Германија, заедно со Британија, е најголемиот поттикнувач на уништување на светските шуми во Европа, покажува студија на Светскиот фонд за природа и на Универзитетот за економија и деловна администрација во Виена
Студија на Светскиот фонд за природа и на Универзитетот за економија и деловна администрација во Виена покажа дека алчноста за суровини сѐ повеќе ги уништува...
Сонот за медал е жив, Алкалоид на чекор до остварување на целта
ЕВРОПСКИ КЛУПСКИ КУП
Заслужена победа за Супер чес, а ние се мобилизираме за следниот денешен меч, кој ќе биде последен на турнирот - изјави капитенот на ШК Алкалоид, ВМ Влатко Богдановски
Шахистите на Алкалоид влегуваат во последното седмо коло на Европскиот клупски куп (ЕКК) кој се одржува на грчкиот остров Родос со реални шанси за освојување медал. Во шестото коло...
Што се адаптогени?
Адаптогените се растенија, растителни екстракти и супстанции добиени од печурки што му помагаат на телото да се справи со стресот, ја враќаат рамнотежата и ја поддржуваат општата благосостојба. Тие сѐ почесто се појавуваат како додатоци во исхраната и велнес-производи. Меѓу состојките што често се споменуваат се ашваганда и Л-теанин. Но дали нивните придобивки се совпаѓаат со маркетиншките ветувања?
- Тоа...







































