Уште една недела пред вториот круг од локалните избори

Вториот круг на локални избори ќе се одржи точно за една недела, на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, вториот круг ќе се одржи во 32 општини и Градот Скопје. Противкандидатите за градоначалничките места се очекува оваа недела да ја интензивираат својата кампања со митинзи и средби со граѓаните. Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на...

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

На 63-годишна возраст денеска по кратко и тешко боледување почина политичкиот аналитичар и колумнист Агим Јонуз. Јонуз беше активен учесник во политичкиот живот, беше поранешен советник на претседателот на Собранието Љубчо Јордановски, и на поранешниот премиер Владо Бучковски, како и портпарол на владата. Тој беше активен во политичкиот живот во земјава и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите. Погребот...

Кина објави петгодишен план: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка

Кина, според петгодишниот план на владејачката Комунистичка партија, во наредниот период ќе ја намалува зависноста од странски високотехнолошки производи и ќе ја поттикнува домашната побарувачка во услови на зголемени трговски тензии со САД и забавување на економскиот раст. Планот, кој ги опишува приоритетите на земјата за следниот економски циклус, беше објавен во четврток по неколкудневниот состанок на највисокото раководство на...

Би-би-си: Маринци, дронови и најголемиот американски воен брод се распоредуваат околу Венецуела

Американската војска веќе два месеца испраќа воени бродови, борбени авиони, бомбардери, маринци, беспилотни летала и шпионски авиони во Карипското Море, што е најголемото распоредување на сили во регионот во последните децении, објави Би-би-си. Бомбардерите со долг дострел Б-52 извршија демонстративни напади покрај брегот на Венецуела, претседателот Трамп го одобри распоредувањето на ЦИА, а кон Карибите е испратен и носачот на...

Ѓурѓај: Наградата “Илинден” за претседателот на ФУЕН, Лорант Винце

Претседателот на македонското друштво "Илинден"-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи почесната награда "Илинден" на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Албанија. -Огромна чест ми беше во име на друштвото и на македонско...

Градежен работник пронашол коски налик на човечки во скопска Автокоманда

Градежен работник вчера пријавил дека при ископ во скопска Автокоманда, во општина Гази Баба, пронашол коски налик на човечки, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Г.Ј. (39) од Пехчево вчера во 11 часот и 55 минути во СВР Скопје пријавил дека при извршување работни задачи - ископ со работна машина, во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом...

Хрватска го враќа задолжителниот воен рок

Хрватска повторно воведува задолжителна воена обврска откако хрватските пратеници со големо мнозинство ги прифатија измените на Законот за одбрана и служба во вооружените сили. Според измените, возрасните мажи до 29 години, кои се медицински способни за воена служба, се должни, со некои исклучоци, да завршат два месеца основна обука, почнувајќи од јануари 2026 година. - Министерот за одбрана Иван Анушиќ...

Пентагон прифатил анонимна донација за плата на американските војници

Пентагон објави дека прифатил анонимна донација од 130 милиони долари за исплата на американските трупи за време на затворањето на финансирањето на владата на САД. Во соопштението на главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, се вели дека Министерството за одбрана на САД во четвртокот „прифатило анонимна донација од 130 милиони долари во согласност со неговото општо овластување за прифаќање подароци“. Донацијата...

Македонското друштво “Илинден“ – Тирана на 69. Конгрес на ФУЕН во Италија

Македонското друштво “Илинден“ - Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано. - Во рамки на активностите на овој значаен собир, синоќа, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имавме македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии,...

„Егзит“ потврди дека доаѓа во Македонија

Познатиот регионален фестивал „Егзит“ (EXIT) објави дека, во рамки на својата светска турнеја „EXIT Global Tour“, следната година ќе се одржи во повеќе земји, меѓу кои и Македонија. Според објавата на официјалниот Инстаграм профил на „Егзит“, првите дестинации за 2026 Exit Global Tour година се Египет, Индија, Малта, Хрватска, Македонија и Србија. Со ова, се потврдуваат и претходните најави на...