Македонците доброволно се разнебитуваат. Всушност, „целиот триумф на садистичката структура на СС-овците се базирал на таков тип измачување, што потоа жртвата да дозволи самата да биде одведена до јамата без протест, самата да се одрече од секаков квалитет на човечки отпор“ (цитат од книгата „Комунистичка интима“). Токму такво измачување се случува катадневно во Македонија: дивеењата, ароганцијата, неукоста и алчноста, од една страна, и дезинформациите, манипулациите и изобилството од небитни информации, од друга страна, на водечките елити и нивните апологети доведе до апатија, желба за одречување од отпор и масовно разнебитување на Македонија, пишува во својата анализа академик Коцарев.