Фотографиите на Ник Бранд секогаш се поврзани со природниот и животинскиот свет кои можат да бидат уништени од човештвото. Бранд вели дека „луѓето сè уште мислат дека најголемиот проблем за дивиот свет во Африка е ловокрадството, но во Источна Африка тоа веќе не е најголемиот проблем. Најголемиот проблем е експлозијата на населението што се случува. Со тоа доаѓа и инвазија на човештвото и развој во не толку одамна живеалиштата на дивиот свет.“

Бранд студирал сликарство, а потоа и филм. Се пресели во Калифорнија во 1992 година и режираше многу наградувани музички спотови.  Најпопуларните видеа во режија на Бранд беа оние за музичката легенда Витни Хјустон „Немам ништо“ и „Секогаш ќе те сакам“.

Во 1995 година, додека режираше видео во Танзанија, Бранд се вљуби во животните и Источна Африка. Во 2001 година, сфати дека своите видувања може да ги претстави преку фотографиите.