Четирите верверички кои беа спасени од совесен граѓанин и донесени во зоолошката градина во Скопје минатиот месец, растат во нивниот нов дом.
Тоа можеше да го забележи и нашиот колега Горан Анастасовски кој ги фотографираше верверичките додека беа со Кате која се грижи за нив.
Верверичките, три мажјаци и една женка беа донесени во зоолошка како младенчиња, откако паднале од дрво на падините на Водно.