Изборните лаги на ајдучката дружина

Последно што извади претседателскиот кандидат на ДУИ, Османи, чија партија цврсто се фатила за власт како октопод за карпа, е надежта дека по изборите, „странците“, пак со уцени, со сила ќе им направеле влада на губитниците, не дозволувајќи ѝ на опозицијата да компонира политичка влада. Па убаво ќе си ги изгласале уставните измени, па убаво ќе направеле влада на „национален спас“. Кого ќе спасуваат? Која нација? Онаа што истите тие ја бутнаа во клиничка смрт? Од себе ќе ја спасуваат? Јас на овие превеани мангупи не би им дала право збор да кажат, не пак да водат држава и да продолжуваат со криминал и уште поголемо одронување на нашето национално ткиво. Нивното место мора да биде на буништето на историјата, а не пак уште секој ден да бидам принудена да слушам уцени сервирани од ДУИ, преку Артан Груби

Се собрала на едно место ајдучката дружина, која до скоро се нарекуваше влада, и размислила како да продолжи да владее, иако шансите за тоа се колку јас да станам космонаут. И си велат: да се обидеме со правна држава? Не може, тенко е. А борба со корупцијата? Ќе ни се смеат. Да им фрлиме некоја коска на пензионерите, студентите и администрацијата? Не оди, ќе се сетат дека поткупот ќе го изеде инфлацијата. А, чекајте пак да ги штитиме „македонскиот јазик и идентитет“? Не може, опасно е, ќе нѐ натепаат. Тогаш, заклучила ајдучката дружина, најдобро е пак да ги лажеме со преговори со ЕУ. Осум години ги отепавме од уцени и лаги, па најлесно е да продолжиме да продаваме ветар и магла за нешто што не зависи од нас. Плус, ќе ја обвиниме опозицијата дека ни стои на патот кон светлата иднина. Плус ќе ги уцениме со гласање на уставните измени, или нема коалиција. Супер формула. Се раздвоила дружината и тргнала по села и градови, да лаже. Да суши, што би рекле ние.
Ме изеде туѓиот срам. Но нив не. На арамиите, образот им е ѓон. По осум години владеење, во речникот уште им е: „ќе“. Кога? Никогаш. Народот бараше сегашност, а не замислена иднина. Тие повеќе немаат право на визија. Таква матна и несигурна. Па, зарем мислат дека народот пати од амнезија и веќе заборавил што сѐ лажеа и што правеа? Тргнувајќи од трговецот со краставици, марихуана, енергија, пиперки и многу друго, кој велеше дека не постои јунак што ќе влезе во Собранието и ќе побара уставни промени поради промена на името на државата, патолошки лажов, па до „нивниот“ Стево, кој исто така се колнеше дека такво нешто никој не смее да направи. И сѐ прифатија. Нѐ излажаа на брутален начин. Се бранеа од мирниот народ со гумени куршуми и солзавец. Ги уценуваа пратениците, најдрско и очигледно. Истите тие душмани на македонската нација, сега повторно со леснотија прифаќаат дека постоиме од 1945 година. Пред тоа, веројатно, некој со кран нѐ спуштил на оваа територија, да им ја матиме водата на комшиите.
Еднаш да поверуваш си наивен, вторпат да те излажат истиве овие манипуланти значи си будала.

Тие ќе нѐ носеле кон ЕУ? Кој виц! Србите имаат одлична изрека: „жвака за лудака“. Тоа значи дај му на народот нешто бесмислено како гума за џвакање и прави го луд. Или дебарската изрека: „по бумбарот, право во ќенеф“, која народски ни кажува, каде нѐ носеа и каде ќе продолжат да нѐ носат. Не, драги мои. Тие сѐ што гледаат да направат е некој нив да не ги однесе во затвор. За да ги спасат своите криминалци, со злоупотребено „европско знаменце“ го изменија Кривичниот законик (не само затоа туку планираа пуч во опозицијата), а „чесниот“ Стево веднаш го потпиша. По злото владеење, со крајна негрижа кон сите граѓани, но и со крајна одроденост од Македонците, по дивото крадење на сѐ и сешто, по повладувањето на сите по ред непристојни уцени од ДУИ, по ароганцијата, по разнебитувањето и присвојувањето на сите државни институции, по лагата за „нема правда, нема мир“, а судството го направија приватно без никаква правда за обичниот човек, по играњето чочек на единствениот пат што го добија во наследство, а самите еден знак не знаеја да постават, по калта во која ја закопаа секоја надеж за пристојна држава, јас се чудам како воопшто излегуваат на митинзи и продолжуваат да лажат. Прост пример. Во културата ветија барем конзервација и пуштање посетители кај историскиот локалитет, Римскиот акведукт во Скопје. Ниту една тревка не искорнаа, ниту ѓубрето го собраа. Кога биле културата, образованието, науката на толку ниски гранки? Лажат само уста што ќе отворат. Ветуваат светла иднина, за разлика од темницата на другата страна. Дали се при свест? Толку ли го потценуваат народот? Да имавме независно судство, ова не смееше да им се дозволи. Има докази за сѐ. И за предавство и за криминал. Нека си правеа кампањи во Идризово и други такви институции низ земјата.
Последно што извади претседателскиот кандидат на ДУИ, Османи, чија партија цврсто се фатила за власт како октопод за карпа, е надежта дека по изборите, „странците“, пак со уцени, со сила ќе им направеле влада на губитниците, не дозволувајќи ѝ на опозицијата да компонира политичка влада. Па убаво ќе си ги изгласале уставните измени, па убаво ќе направеле влада на „национален спас“. Кого ќе спасуваат? Која нација? Онаа што истите тие ја бутнаа во клиничка смрт? Од себе ќе ја спасуваат? Јас на овие превеани мангупи не би им дала право збор да кажат, не пак да водат држава и да продолжуваат со криминал и уште поголемо одронување на нашето национално ткиво. Нивното место мора да биде на буништето на историјата, а не пак уште секој ден да бидам принудена да слушам уцени сервирани од ДУИ, преку Артан Груби.
Сега им било многу важно изборот на претседателот да бил во Собранието. Зошто? За да му ги даделе гласовите во вториот круг на кленот што ќе го прифати ова. Таков клен знам само еден, кој во паника од „фалсификуваните анкети и рејтинзи“ би прифатил сѐ. Само не прифаќа дебата со професорката Силјановска. Но интересно ми е како феномен тоа давање гласови во вториот круг. Луѓето ги третираат како овци што треба послушно да следат наредби. Дали се луѓето по природа такви? Можеби мал процент, но другите ќе си вршат работа во недела по нивите и полињата. А „нивниот“ Стево ќе си замине од функцијата, со или без нивните гласови.

Сега им било многу важно изборот на претседателот да бил во Собранието. Зошто? За да му ги даделе гласовите во вториот круг на кленот што ќе го прифати ова. Таков клен знам само еден, кој во паника од „фалсификуваните анкети и рејтинзи“ би прифатил сѐ. Само не прифаќа дебата со професорката Силјановска. Но интересно ми е како феномен тоа давање гласови во вториот круг. Луѓето ги третираат како овци што треба послушно да следат наредби. Дали се луѓето по природа такви? Можеби мал процент, но другите ќе си вршат работа во недела по нивите и полињата

За другите кандидати, кои реално немаат шанси да влезат во вториот круг, што да се каже. Тие можат да ветуваат и да кажуваат сѐ што мислат дека народот сака да чуе. Тотално одлепени ветувања од реалноста, но најчесто такви за кои знаат дека „лепат“ и се надеваат да отцепат гласови од најголемата опозиција. Пазете, кога се борите за свое место под сонцето, а се нарекувате опозиција на досегашната власт, понормално би било барем со 10-20 проценти да ја напаѓате истата таа власт на која сте ѝ опозиција. Но не. Нападите речиси во 100 проценти се кон опозицијата. Значи власта им чини или тие ја чинат власта како што веќе беше еднаш обелоденето од „трговецот“ директно од говорницата во Собранието.
Затоа изборот на 24 април помеѓу „нивниот“ Стево и Гордана за сите граѓани е јасен. Да не зборувам дека се работи за друга космичка димензија, но ајде да не навредувам како што тие го прават тоа со леснотија. Измешаа тетки, стрини, овој бил стар, овој млад итн. Каква простотија. Дури и само поради ваквите назадни нецивилизирани мачо-испади, никој не треба да ги гласа. Дедо ми велеше: „маж, како петелов наш“. Ете толку се мажи, кога навредуваат жена на која не ѝ се интелектуално и морално ниту до колена. Морам да повторам: срам и беда. На ваквите изливи на родови напади особено сум чувствителна.
На 24 април да излеземе масовно на гласање. Претседателските избори се многу важни и за трендот на парламентарните избори. Да овозможиме промени, достоинство, пристоен живот за сите, нормална и функционална држава за сите, да почнеме да се гордееме со сопствената држава, која претходниве ја уништија, да престанеме да се однесуваме како вазали, туку како партнери во секоја ситуација, да не одиме со наведнати глави од срам и беда. Од сите нас зависи дали ќе си дадеме шанса!