Централните банки треба да престанат да ја туркаат економијата во рецесија

Глобалната рецесија изгледа неизбежна доколку каматните стапки продолжат да растат. Веќе имаше одредени сигнали во овој поглед – од кризата со златото, колапсот на „Кредит свис груп АГ“ и неколку банкроти на американските банки. Многу други сектори чувствителни на каматни стапки флуктуираат, вклучувајќи ги комерцијалните недвижности и комуналните услуги. Но вистинската штета им се нанесува на другите делови од економијата, како што се малите и средни бизниси… Централните банкари што се борат со инфлацијата намерно го игнорираат фактот дека со досегашното заострување ќе биде потребно време за да има некакво влијание на инфлацијата. Настојувајќи да ги задржат потрошувачките цени, тие го зголемуваат ризикот од погрешно толкување на изгледите, со туркање на економијата во рецесија – со истрошената алатка на каматните стапки. Време е за преиспитување!

„Ако единствената алатка ви е чекан, секој проблем изгледа како шајка“. Оваа стара поговорка сè уште важи додека централните банки продолжуваат да ја зголемуваат економската болка предизвикана од зголемувањето на каматните стапки. Има минимално влијание врз богатите домаќинства, но работите се поинакви за оние што најмалку можат да си го дозволат тоа. Итно е потребна подобра анализа на брзото темпо на зголемување на трошоците за задолжување, како и поголема флексибилност за исполнување на целите на инфлацијата и трпение за да се остави монетарното затегнување да си ја заврши работата.

Глобалната рецесија изгледа неизбежна доколку каматните стапки продолжат да растат. Веќе имаше одредени сигнали во овој поглед – од кризата со златото, колапсот на „Кредит свис груп АГ“ и неколку банкроти на американските банки. Многу други сектори чувствителни на каматни стапки флуктуираат, вклучувајќи ги комерцијалните недвижности и комуналните услуги. Но вистинската штета им се нанесува на другите делови од економијата, како што се малите и средни бизниси и изнајмувачите на домови.

Така, наведената цел на централните банки на Федералните резерви на САД и другите напредни економии да го „олабават“ пазарот на трудот е погрешна. Во програмите на овие регулатори не се прецизирани цели за невработеноста бидејќи пазарот на трудот е невозможно да се управува на микрониво. Кога ќе се достигне пресвртната точка, ќе биде предоцна да се спречи брзиот пад.

Деловните заеми обично имаат променливи каматни стапки, така што бизнисите ја чувствуваат болката во реално време. Јунскиот извештај од 46 точки во анкетата за менаџери за набавки во производството во САД (ПМИ) покажува контракција; нивото од 40,6 поени во Германија треба да предизвика тревога. Мерките за кредитирање на банките и паричната маса се забавуваат на глобално ниво. Инфлаторните мерки на ресурсите, како што се цените на производителите, брзо паѓаат. Можеби економиите не забавуваат толку брзо колку што би сакале централните банки да ја ограничат инфлацијата, но насоката е јасна – и постои ризик од забрзување.

Годишниот глобален политички форум на Европската централна банка (ЕЦБ) во Синтра, Португалија, минатата недела даде една јасна порака од учесниците: претстои повеќе монетарно стегање и трошоците за задолжување ќе останат високи подолго време. Но централните банкари продолжуваат премногу да се потпираат на економетриските модели, кои се бескорисни поради пркосно високата вработеност и високите приходи. Фискалните мерки како што се повисоките минимални плати, пензиите и бенефициите поврзани со индексот на инфлација ги поткопуваат напорите да се контролираат притисоците на цените на приватниот сектор преку каматните стапки. Одговорот лежи во заострувањето на фискалната политика, а не во суровите монетарни алатки, истакнува Ешворт.

Централните банкари се премногу фокусирани на целите за инфлација од 2 отсто. Таквата прецизност не е од помош во економскиот систем, кој е подложен на низа пандемични исклучувања проследени со немилосрдни монетарни и фискални стимулации. Инфлаторните импулси почнуваат да исчезнуваат од системот, па затоа е потребна поголема флексибилност. И има преседан: ФЕД усвои флексибилно насочување на просечната инфлација во 2020 година, но го напушти методот кога се појави пандемијата.

Ситуацијата во Велика Британија е особено акутна. Пазарот на фјучерси очекува основната стапка на Банката на Англија (ABC) да достигне врв од 6,3 отсто, во споредба со 5,6 отсто на ФЕД и нешто над 4 отсто за Европската централна банка (ECB). Но, како што рече во вторникот Марк Даудинг, кој надгледува 111 милијарди долари како главен инвестициски директор на „РБЦ блубеј асет менаџмент ЛЛП“: „Ако премногу стегнете, ќе го срушите пазарот на домување и ќе завршите со финансиска криза во Британија. И тоа со стагфлација“.

Централните банки се должни да се погрижат најсиромашните во општеството да не страдаат несразмерно од рецесија што целосно може да се избегне. Енди Халдејн, поранешен главен економист на АЦБ, во напис во „Фајненшл тајмс“ тврди дека британскиот регулатор треба да толерира инфлација над целта и да избегне понатамошна штета на економијата, напуштајќи го ставот дека нема алтернатива за дополнително заострување на монетарната политика.

АЦБ го заниша својот стап кон 30 отсто од домаќинствата, кои се преоптоварени со хипотеки, додека сопствениците на куќи без долгови веројатно ќе имаат корист од повисоките каматни стапки. Аналитичарите во „Џефрис фајненшл груп Инц.“ веруваат дека товарот од зголемувањето на каматните стапки е поднослив за 40 отсто од богатите домаќинства, кои имаат три четвртини од хипотекарниот долг. Значи, дури и ако сите хипотеки се со 6 отсто, експертите не очекуваат индиректен ефект врз целокупното дискрециско трошење. Сепак, најголемиот ризик во ова сценарио е наглото зголемување на стапката на невработеност.

Повисоките каматни стапки ја зголемуваат нееднаквоста. Канцеларијата за национална статистика проценува дека Велика Британија има финансиски штит на заштеди од 10 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) во вредност од 340 милијарди фунти (430 милијарди долари) по напливот за време на пандемијата. За штедачите и пензионерите, по една деценија со нула приноси, добредојден е принос без ризик што се приближува до 5 отсто. Зголемувањето на платите во приватниот сектор за повеќе од 7 отсто, исто така, го ублажи влијанието на ценовните притисоци врз оние со повисоки приходи.

Централните банкари што се борат со инфлацијата намерно го игнорираат фактот дека со досегашното заострување ќе биде потребно време за да има некакво влијание на инфлацијата. Настојувајќи да ги задржат потрошувачките цени, тие го зголемуваат ризикот од погрешно толкување на изгледите, со туркање на економијата во рецесија – со истрошената алатка на каматните стапки. Време е за преиспитување!

Авторот е колумнист во „Блумберг“