На сопствена сметка

Не­о­бич­на е мо­ќта на не­ги­ра­ње­то да по­твр­ди, по си­ла на ствар­но­то, за­што да се не­ги­ра мо­же са­мо не­што што фа­ктич­ки по­стои. Не­ги­ра­ње­то на не­кој факт е приз­на­ва­ње на по­сто­е­ње­то на фа­ктот ка­ко та­ков, па та­ка и не­ги­ра­ње­то на сѐ што е ма­ке­дон­ско, са­мо го по­твр­ду­ва по­сто­е­ње­то на она што е ма­ке­дон­ско. И евен­ту­ал­но­то уни­шту­ва­ње на тој факт би бил са­мо жив до­каз за не­го­во­то (прет­ход­но) по­сто­е­ње. Уште по­не­о­бич­на е мо­ќта на не­га­ци­ја­та да ос­ло­бо­ди.

Та­ка, „нон пеј­пе­рот“ со кој не­кои член­ки на ЕУ ста­ви­ја рам­па на по­че­то­кот на пре­го­во­ри­те на Ма­ке­до­ни­ја за влез во Уни­ја­та, (нѐ) ос­ло­бо­ди од илу­зи­ја­та за сра­бо­те­но­то по пред­ме­тот „за др­жав­ни­те ра­бо­ти“. Не де­ка бев­ме жр­тви на илу­зи­ја за сра­бо­те­но­то и не де­ка не сме и на­та­му жр­тви на фа­ктич­ки не­сра­бо­те­но­то и не­на­у­че­но­то во си­те из­ми­на­ти се­зо­ни. Но се­пак, нѐ ос­ло­бо­ди на „пеј­пер“, по­точ­но на „нон пеј­пер“, а и тоа е не­ка­ква сло­бо­да, од хар­ти­ја, ка­кви што се мно­гу дру­ги сло­бо­ди. Та­ква­та сло­бо­да зас­ме­ју­ва, на еден те­го­бен на­чин, за­што упа­ту­ва на не­со­од­вет­но­то ме­ѓу на­пи­ша­но­то и ствар­но по­вто­ру­ва­но­то, а не­со­од­вет­но­то е при­чи­на за смеа.

Еден друг „нон пеј­пер“ на грч­ка­та вла­да, (нѐ) ос­ло­бо­ди од ед­на дру­га илу­зи­ја, за до­го­во­ре­но­то по пред­ме­тот „за ма­ке­дон­ски­те ра­бо­ти“ и де­лум­но (или при­вре­ме­но) по­дос­ло­бо­ди од на­ци­о­на­лен срам, до­ве­ду­вај­ќи ја ду­ри во пра­ша­ње изре­ка­та „не ве­ру­вај им на да­нај­ци­те ни да­ро­ви ко­га но­сат“, „одра­бо­ту­вај­ќи“ во за­чу­ву­ва­ње на че­ста. Ов­де жр­тви­те на илу­зи­ја­та се исто­вре­ме­но и илу­зи­о­ни­сти, до­де­ка дру­ги­те, по­ве­ќе или по­мал­ку с(м)е жр­тви на алу­зи­ја. Не­со­од­вет­на­та за­ме­на на „хе­ро­и­те“ зас­ме­ју­ва. По­втор­но, не­со­од­вет­но­то е тоа што зас­ме­ју­ва и по­втор­но те­гоб­но.

По­стои и ед­на дру­га не­га­ци­ја, дуп­ла не­га­ци­ја, со уште по­у­вер­ли­ва моќ на по­твр­ду­ва­ње од онаа на обич­на­та. Ед­на та­ква не­га­ци­ја сре­ќа­вам во пес­на­та на Кон­стан­тин Ми­ла­ди­нов „Не – не пи­јам“, инс­пи­ри­ра­на од љу­бо­вта кон ви­но­то, „љу­бов“, ко­ја по­е­тот ја опе­ва без за­др­шка. Во неа, ко­га ќе се пре­би­јат не­га­ци­и­те, оста­ну­ва го­ла­та ви­сти­на, а таа е де­ка по­е­тот е не­по­прав­ли­во (по­точ­но до след­но­то утро) вљу­бен во ви­но­то. Пес­на­та на Ми­ла­ди­нов бу­ди во чи­та­те­лот (или ба­рем во оној што со­чув­ству­ва со неа) ед­на уба­ва и лес­на смеа на ду­ша­та. Сим­па­тич­но гор­де­ли­ва и ис­по­ра­ча­на на сопс­тве­на сме­тка, а на от­чет пред трез­ве­ни­те, таа е смеа што ос­ло­бо­ду­ва.

Дуп­ла­та не­га­ци­ја ја по­твр­ду­ва фа­ктич­ка­та со­стој­ба­та на по­е­тот, а ви­сти­на­та (и ви­сти­но­љу­би­во­ста) оста­ну­ва не­гиб­на­та. Инс­пи­ри­ран од мо­јот зем­јак (по во­да и га­ли­ба по пес­на) Ми­ла­ди­нов, би пред­ло­жил (она­ка на ше­га) пред си­те по­стој­ни не­ги­ра­ња на иден­ти­те­тот да ста­ви­ме уште ед­но не, со го­ле­мо Н, пред си­те дру­ги. Ем кре­а­тив­но ќе од­го­во­ри­ме, а ло­ги­ка­та ќе ја со­чу­ва­ме, ем иден­ти­те­тот ќе оста­не не­про­ме­нет, ем ви­сти­на­та не­гиб­на­та, Не – Не­Ма­ке­до­ни­ја. За бе­ља на да­нај­ци­те, не­га­ци­ја­та ка­жа­на по ма­ке­дон­ски зву­чи ка­ко по­вто­ре­но по­твр­ду­ва­ње по да­нај­ски. Но ше­га­та на­стра­на.
Пре­дол­го она што нѐ зас­ме­ју­ва упа­ту­ва на она што би тре­ба­ло да нѐ рас­та­жи.

Та­ков е ху­мо­рот на на­ша­та тран­зи­ци­ја (и на се­ко­ја дру­га), ху­мор што про­из­ле­гу­ва од ед­на по­сто­ја­на ег­зи­стен­ци­јал­на на­прег­на­тост. Ху­мор од умор. Те­гоб­ност изро­де­на од ед­на при­каз­на за алч­но­ста, онаа на но­ви­те по­ли­тич­ки „ели­ти“, по ве­ра не­о­ли­бе­рал­ни (уште ед­но не), ка­ко ме­та­фо­ра на тран­зи­ци­ја­та. Та­ква е при­каз­на­та и за Бо­бо Тун­тов од То­мис­лав Ос­ман­ли, при­каз­на за сто­мач­ни­те те­го­би на еден по­ли­ти­чар, „на­прег­нат“ од пре­ку­мер­но „лап­на­ти“ комп­ју­те­ри, фир­ми и лу­ѓе, сво­е­ви­ден тер­мит на оп­штес­тве­но­то раз­гра­ду­ва­ње и „до­ма­ќин“ на раз­ни по­ли­тич­ки акти­ви­сти и по­ма­га­чи, одо­ма­ќи­не­ти во га­стро­ин­те­сти­нал­ни­от тракт на сво­јот по­ли­тич­ки мен­тор, жар­гон­ски нас­ло­ве­ни ка­ко „ко­ло­ни­сти“, кои во­де­ни од лич­ни­те ин­те­ре­си ста­ну­ва­ат со­у­чес­ни­ци на ед­но по­ши­ро­ко раз­гра­ду­ва­ње, во­вед во се­оп­што­то ко­ле­ктив­но и па­то­ло­шко раз­гра­ду­ва­ње, кое ни­ко­го не ам­не­сти­ра. Се оби­ду­вам да се се­там кол­ку (за­луд­ни) мар­ше­ви пом­нат ули­ци­те (и уште по­у­мор­ни мар­ши­ра­чи) и кол­ку из­не­ве­ре­ни оче­ку­ва­ња, на кои ве­ро­јат­но (ве­ќе) и не им е сме­шен Бо­бо Тун­тов и не­го­ви­те те­го­би. Ра­ска­зот, ка­ко и на­ша­та ствар­ност одам­на е во до­ме­нот на гро­теск­но­то, а при­ро­да­та на гро­те­ска­та е та­ква да пре­диз­ви­ку­ва по­ве­ќе те­го­ба и мач­ни­на одо­што да зас­мее. Во гро­те­ска­та смеш­но­то лес­но ста­ну­ва страш­но. Та­кво е и на­ше­то (не)сме­е­ње ко­га не е иро­нич­но, ко­га не е ше­га скри­е­на под ма­ска­та на се­ри­оз­но­ста, ед­но дру­го сме­е­ње на иро­ни­зи­ра­на­та ствар­ност, на ко­ја ве­ќе на­вик­нав­ме.

Мо­же­би за­тоа тол­ку ос­ло­бо­ду­вач­ки зас­ме­ју­ва­ат сти­хо­ви­те на Ми­ла­ди­нов – „И ак` си чук­на гла­ва­та на ѕиз­дои и на ка­ме­ња, от та­кви ма­ли ра­бо­ти али тре­бит да се пла­ши­ме?“ Во мо­мен­ти­те ко­га ме­та­фо­рич­но си ја чу­ка­ме гла­ва­та, пре­бро­ју­ва­ме од што сѐ се пла­ши­ме, по­точ­но од што на­у­чив­ме да се пла­ши­ме за се­то из­не­ве­ре­но „ве­ту­вач­ко“ вре­ме? Од се­не­што, еден долг спи­сок на дреб­но­сти, од на­вре­ме неп­ла­те­ни сме­тки, од не­на­де­ен раст на про­мен­ли­ва­та ка­мат­на стап­ка на не­вра­те­ни­те кре­ди­ти, од не­по­врат­но на­ма­лу­ва­ње на пла­ти­те и не­на­ја­вен раст на це­ни­те, од не­при­па­ѓа­ње „ни на ед­ни­те, ни на дру­ги­те“, од не­вак­ци­ни­ра­ње (и од вак­ци­ни­ра­ње), од не­на­де­ен тро­шок (по 15-20 го­ди­ни) да се рас­и­пе не­кој од глав­ни­те апа­ра­ти во до­ма­ќинс­тво­то, од не­на­мер­ни про­пу­сти во ра­бо­та­та, од не­ра­бо­те­ње (со иск­лу­чо­ци)… Од не­шта со не­га­ци­ја во нив ко­ја са­мо ја по­твр­ду­ва нив­на­та ствар­ност. По­сто­ја­но­то еко­ном­ско и ду­хов­но оси­ро­ма­шу­ва­ње е мај­ка на си­те нив, по­точ­но на стра­вот од нив. Ста­нав­ме веч­ни сту­ден­ти во учи­ли­ште­то на стра­вот, не­ма што не мо­же да нѐ уп­ла­ши, а сѐ по­мал­ку не­што мо­же да нé нас­мее. А и ко­га нѐ зас­ме­ва, ше­га­та е не­со­ле­на. Во исто вре­ме, до нас стиг­ну­ва­ат „ра­дос­ни ве­сти“ не­ба­ре еван­ге­ли­ја, пред кои оној што се сом­не­ва лес­но би­ду­ва прог­ла­сен за ере­тик.

Во ро­ма­нот на Кун­де­ра нас­ло­вен „Ше­га“ (за кра­јот на ше­е­сет­ти­те го­ди­ни од прет­ход­ни­от век во Че­хос­ло­вач­ка), ед­на не­про­мис­ле­на, „не­со­ле­на“ ше­га ста­ну­ва гол­го­та во си­сте­мот со чув­стви­те­лен „сто­мак“ за смеш­но­то. Во до­ба­та на ко­ле­ктив­на ра­дост или по­точ­но, на се­ри­оз­на ра­дост, да се би­де раз­о­ча­ран од или сом­ни­чав кон но­ва­та оп­штес­тве­на ствар­ност е ед­на­кво на пре­дав­ство, на ерес. Сме­а­та што иро­ни­зи­ра или не­о­бич­на­та смеа (сме­е­ње­то на по­и­на­ков на­чин од оста­на­ти­те), е ед­на­ква на ди­си­дент­ство. На кра­јот, про­та­го­ни­стот се пра­шу­ва – што ако исто­ри­ја­та се ше­гу­ва, што ако жи­во­тот е оп­фа­тен во ед­на по­се­оп­фат­на и не­от­по­вик­ли­ва ше­га? Не е те­шко да се при­фа­ти ед­на та­ква прет­по­ста­вка за чо­ве­кот фр­лен во еден та­ка-ре­чи, под­бив на суд­би­на­та, во гро­те­ска­та на исто­ри­ја­та. Но и та­ков, или ток­му та­ков, раз­о­ру­жан, чо­век е пре­до­дре­ден да се смее, за­што пре­ста­не ли, пре­ста­ну­ва да по­стои ка­ко чо­век. Да се смее и да се сом­не­ва, не­пре­стај­но. Во „Име­то на ро­за­та“ на Ум­бер­то Еко ѓа­во­лот е де­фи­ни­ран ка­ко ве­ра без нас­ме­вка, ви­сти­на што ни­ко­гаш не ја об­зе­ма сом­не­ва­ње­то. Об­зе­ме­ни од ви­сти­ни без сом­не­ва­ње, за­луд­но ја че­ка­ме хар­ти­ја­та што ќе нѐ ос­ло­бо­ди. По­ве­ро­јат­но е да нѐ претп­ла­ти на ве­чен срам. Оче­ку­вам не­кој од оваа стра­на на ме­ѓа­та да обе­ло­де­ни де­ка сѐ би­ло са­мо ше­га, на­ци­ца­на со сол­та на Еге­јот. Воз­вра­те­на ше­га на ше­га­та на исто­ри­ја­та. Мо­же­би ед­на та­ква, не­со­ле­на ше­га, на сопс­тве­на сме­тка, мал­ку ќе ја заб­ла­жи те­гоб­но­ста.

Чо­веч­ка и при­фат­ли­ва е за­бо­рав­но­ста на Ми­ла­ди­нов во пес­на­та – „Ја со­сем не зна име­то от то­ја пу­сто пи­јанс­тво“. Не­при­фат­ли­во е нез­на­е­ње­то за сво­е­то име во трез­ве­но­ста. Ше­га­та на­стра­на, на­стра­нив­ме. Уште од по­че­ток. Да пра­ша­ме ко­ја би­ло ро­дил­ка, ќе ка­же де­ка во жи­вот се вле­гу­ва со гла­ва­та на­пред, а не обрат­но. Ко­га до­а­ѓа жи­вот, и лу­ѓе­то се сме­ат уба­во и лес­но. И на сопс­тве­на сме­тка.

(Авторот е магистер по мир и развој и поет)