Наскоро на градскиот садион во Кичево, свечено ќе бидат пуштени во употреба новоизградените соблекувални и помошни простории, изградени со средства од ФФМ во износ од 28.000 евра, кои започнаа да се градат кон крајот на минатата година.

– Заврши изградбата на новите соблекувални и помошни простории на градскиот стадион во Кичево. За оваа намена ФФМ издвои 28.000 евра, а во изградбата на новите соблекувални свој придонес дадоа и локалните компании. Покрај комфорните соблекувални за фудбалерите и судиите, своја просторија доби и делегатот, а обезбедена е просторија и за допинг тест и економат. Исто така изградена е специјална просторија за ВАР системот и сала за прес конференции, како и специјална ложа за ВИП гости, каде што ќе можат натпреварите да ги следат околу четириесетина лица. Со новоизградените простории, создадени се услови за одигрување и на меѓународни натпревари на помладите категории на фудбалери, што беше дамнешна желба на спортските работници од градот – истакнаа од ОФС Кичево.

З.А.