Фото: Илустрација

Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала и со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени синоќа во 21.59 часот е почувствуван во Битола и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е 125 километри југозападно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.