Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ

Материјалните, културните и духовните артефакти од минатото на македонскиот народ овозможуваат да се воспостави автентичната реалност во нашето денешно опстојување. Непроценливите, уникатните и филигрански прецизните знаци, обележјата на македонското постоење во мноштвото материјални, културни и духовни артефакти, ја закотвуваат, втемелуваат реалноста толку цврсто што нам ни преостанува само едно: нив да ги сметаме за непроменливи факти околу кои се распостила калеидоскопската реалност на модерниот живот. Тие факти ќе помогнат да им кажеме НЕ на сите уцени, оспорувања, негирања, и ќе ни помогнат да опстоиме за навек. Тие факти значат просторен и милениумски континуитет на македонскиот јазик, идентитет и народ, чиј национален супстрат го сочинуваат Македонците што живеат во современата држава Македонија, во нејзините соседни држави и низ целиот свет, посочува академик Коцарев.

Анализата прочитајте ја во утрешниот број на „Нова Македонија“