Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прави вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница – Штип, како и во сите други институции во кои било третирано 25-годишно момче од Берово, по добиените сознанија дека починало од сепса.

Директорката Иринка Сотирова-Бухова вели дека вонредниот надзор е почнат.

– Надзорот во болницата во Штип ќе биде утре. Инициран е вонреден надзор не само во оваа болница, туку и во сите останати здравствени институции во кои било третирано момчето – рече директорката Сотирова-Бухова.

Момчето починало на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, каде што било донесено во многу тешка состојба. Смртта на пациентот ја потврдија и од штипската болница.