Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Македонија.

Како што посочува владината прес-служба, Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

– Владата го задолжи МВР да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија – се вели во соопштението.