Прва медицинска помош дадена на 10 деца, 21 возрасен, 1 пожарникар и 1 бремена
Пожарот во зградата во скопската населба Чаир ште е активен утрово, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Регионалниот Центар за управување со кризи Скопје ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје во која се наведува дека од 1.50 часот на 2 октомври 2024 година со 20 пожарникари и 7 противпожарни возила интервенираат поради запален магацин на ул.„Прохор Пчињски“ бр.136 во подрумски дел на зградата.
-Пожарот е проширен и на станбена зграда, на приземните дуќани, а имаше многу густ црн чад, поради што евакуирани се повеќе од жителите на зградата. Од Итната медицинска помош во 14.25 часот известиле дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, 1 пожарникар и 1 бремена жена. Дополнително како помош на БППЗ на Град Скопје пристигнало специјално противпожарно возило на Армијата. Во 6 часот денеска е добиена информација дека пожарот се уште е активен и во моментов на терен се 3 ПП возила од БППЗ на Град Скопје (Општина Чаир) – се вели во информацијата на ЦУК.