Фото: Маја Јаневска-Илиева

Предизборната кампања за Претседателските избори продолжува денеска со презентација на програмите на кандидатите на митинзи, дебати и средби со граѓани.

На третиот ден од кампањата, изборниот караван на кандидатот на Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, денеска ќе ги посети општините Македонски Брод и Кичево.

Кандидатката за претседател поддржана од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, ќе ја презентира програмата пред граѓаните на Демир Капија, Неготино и Кавадарци.

Бујар Османи, кандидатот за претседател на Европскиот фронт, во Тетово ќе учествува на дебатата насловена „Задржување на младите во земјава“.

Караванот на кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска ќе ги посети и ќе има средби со граѓаните на општините Валандово, Богданци, Дојран, а агендата ќе ја заокружи со обраќање пред жителите на Гевгелија.

Изборниот штаб на кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска, најави средби со граѓаните во Прилеп и Демир Хисар.

Претседателскиот кандидат на Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравар,и и носителот на пратеничката листа во Првата изборна единица од коалицијата, Изет Меџити, ќе учествуваат на одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот во Градскиот парк во Скопје.