Фото: Министерство за здравство

Лекарскиот тим кој ја направи првата трансплатација на црн дроб во земјава, професорот Африм Османи, уметникот Роберт Јанкуловски и писателот Блаже Миневски се овогодинешните добитници на државната награда „23 Октомври“, соопшти Министерство за култура.

За остварување во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на: проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска, тимот за трансплатација на црн дроб.

Дополнително, во оваа област, наградата е доделена и, на проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник, како и на писателот Блаже Миневски.

Од Одборот за доделување на државната награда информираат дека наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври во Собранието.