Министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари вели дека морталитетот на Клиниката за детски болести – Скопје годинава е многу помал во споредба со претходните години.
-За жал, се злоупотребуваат сите случувања. На клиниките, за жал, се случуваат смртни случаи. Директорот ни испрати и статистики од другите години и сега, колку е морталитетот на Клиниката и генерално можам да кажам дека оваа година е многу помалку отколку минатите години. На сите директори им даваме шест месеци барем да раководат и затоа се в.д директори. Потоа ќе видиме, ќе одлучиме како ќе продолжиме – истакна Таравари, одговорајќи на новинарско прашање дали како министер знае дека за еден месец има три смртни случаи на Детската клиника и дали ќе преземе нешто.
Таравари присуствува на вонредниот партиски конгрес на Алијанса за Албанците во Тетово, што се одржува под мотото „Промената продолжува“.