Фото: Маја Јаневска-Илиева

Синдикатот на новинари и медиумски работници и граѓанската организација „Ретвитни Оброк“ подготвија стотина оброци, при заедничкото петочно готвење чија цел е да им се помогне на бездомни лица и на граѓани кои се во социјален ризик.

Оброците беа подготвувани во просториите на организацијата „Гласност“, веднаш до Универзална сала во Скопје.

Невладината организација „Љубезност“ утре ќе им ја подели подготвената храна на граѓаните, во 12 часот кај Музејот на Мајка Тереза.