Продолжуваат градежните активности што општинските власти ги започнаа во текот на март, со изведба на нови паркови, нови зелени површини и простор за одмор и рекреација.
– Периодов активно се работи на новиот парк со површина од 2.300 квадратни метри во стар Аеродром, а привршува изведбата на уште три зелени површини во овој дел од општината. Две од нив се наоѓаат во непосредна близина на ООУ „Блаже Конески“, а третата веднаш до „Тобако 2“. Овие зелени површини значат и збогатување на маалскиот живот. Ве повикувам масовно да ги користиме, да уживаме во убавото време и бенефициите што тие ги носат. Ние и понатаму ќе работиме на проекти што ќе значат повеќе зеленило, поздрава животна средина и поквалитетен живот во Аеродром – сподели Муцунски на својот фејсбук-профил. Д.Т.