Цен­тар ќе го ре­кон­стру­и­ра Ма­тич­но

Не­ко­гаш­но­то Ма­тич­но, кое се на­о­ѓа во зад­ни­от дел од дво­рот на Оп­шти­на Цен­тар, ќе им би­де пре­да­де­но на ко­ри­сте­ње на за­ин­те­ре­си­ра­ни­те мла­дин­ски здру­же­ни­ја и нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, а дел ќе би­де на­ме­нет за по­тре­би­те на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оп­шти­на­та.
Вла­да­та ѝ ја пре­да­де ба­ра­ка­та на Оп­шти­на Цен­тар, а Оп­шти­на­та комп­лет­но ќе ја ре­кон­стру­и­ра и пре­у­ре­ди, за што рас­пи­ша ја­вен ог­лас за из­бор на нај­по­во­лен из­ве­ду­вач на гра­деж­но за­на­ет­чи­ски ра­бо­ти.
За­ин­те­ре­си­ра­ни­те суб­је­кти тре­ба да ги до­ста­ват сво­и­те по­ну­ди нај­доц­на до 25 сеп­тем­ври во 10 ча­сот, ко­га ќе се спро­ве­де јав­но­то отво­ра­ње.
– Ре­кон­струк­ци­ја­та ќе оп­фа­ти но­ва фа­са­да и по­крив, вна­треш­но уре­ду­ва­ње, ре­кон­струк­ци­ја на са­ни­та­рен ја­зол, про­ме­на на вна­треш­ни­от во­до­вод, ре­кон­струк­ци­ја на фе­кал­на­та ка­на­ли­за­ци­ја, но­ви са­ни­та­рии, но­во еле­ктрич­но освет­лу­ва­ње, те­ле­фон­ско и комп­ју­тер­ско вмре­жу­ва­ње, ви­де­о­мо­ни­то­ринг-си­стем и гро­мо­бран­ска и про­тив по­жар­на ин­ста­ла­ци­ја – ин­фор­ми­ра­ат оп­штин­ски­те вла­сти.
Ра­бо­ти­те ќе за­поч­нат вед­наш ко­га ќе се од­бе­ре фир­ма­та из­ве­ду­вач и се оче­ку­ва да за­вр­шат до Но­ва го­ди­на.
Це­ли­от за­фат ќе чи­ни око­лу шест ми­ли­о­ни де­на­ри. Дел од средс­тва­та се до­би­е­ни ка­ко до­на­ци­ја од УНДП и од Швај­цар­ска аген­ци­ја за раз­вој и со­ра­бо­тка, ка­ко дел од про­е­ктот „За­јак­ну­ва­ње на оп­штин­ски­те со­ве­ти”, а дел се сопс­тве­ни средс­тва од бу­џе­тот на Оп­шти­на Цен­тар.

Општинските власти од Карпош лично ги едуцираат граѓаните
како да носат заштитни маски

Повик до граѓаните да носат заштитни маски, да одржуваат дистанца и да вршат почеста дезинфекција при посетата на маалските паркови, платоа и детски игралишта се дел од советите што претставниците од урбаните заедници на Општина Карпош и службеници од Секторот за дејности од јавен интерес ги упатуваат до граѓаните.
Локалната самоуправа започна со теренска информативна кампања, имајќи предвид дека голем број граѓани поминуваат дел од своето време на отворен простор. Изминатите денови се делеа информативни летоци во населбите Влае 2, Владо Тасевски (Млечен), Козле и Карпош 2, а акцијата ќе продолжи и во другите населби.
– Од теренските проверки, граѓаните во најголем дел ги почитуваат мерките, но има повеќе примери и на неносење заштитни маски и седење во поголеми групи. Во овие случаи, претставниците на Општина Карпош алармираа до граѓаните да одржуваат дистанца и да стават заштитна маска, затоа што сите носиме одговорност за намалување на ширењето на овој вирус. Комуналните служби на Општината продолжуваат и со секојдневната дезинфекција и миење на улиците со цистерни, како и со чистење на пофреквентните јавни површини – информираат општинските власти.