Фото: Дарко Андоновски

Министерството за внатрешни работи информира дека од вечерва во 19 часот, до утре до 18 часот, поради одржување на „Виз Ер Скопски Маратон 2019“ кој ќе почне утре во 08.30 часот, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки на манифестацијата.

За трката од 5 илјади метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на улица „Димитрие Чуповски“ право по улица „11-ти Октомври“ во правец кон Градска Болница, право кон „Црвен Крст“, кај Тутунски комбинат лево по булевар „Крушевска Република“, па десно по булевар „3-та Македонска Бригада“, право по булевар „3-та Македонска Бригада“ до крстосница со улица „Црвена Вода 7“ каде што се врти полукружно па право по булевар „3-та Македонска Бригада“, десно по улица „Фрањо Клуз“, лево по спротивната насока на движење на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, лево по булевар „Кочо Рацин“ десно по улица „11-ти Октомври“ до целта – Собрание на Македонија;

Втората траса за трката на 21 километар, полумаратон: стартот е преку Порта Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост, лево на улица „Иљо Војвода“, лево по мост Гоце Делчев, право по булеврот „Илинден“ лево по улицата „Љубљанска“, право по улица „Московска“, десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по улица „Димитрие Чуповски“, право по улица „11-ти Октомври“, лево по булевар „Крушевска Република“, десно по булевар „3-та Македонска Бригада“, лево по улица „Фрањо Клуз“, десно по булевар „Јане Сандански“ до крајот пред семафорот со булевар „Србија“ се врти назад по булевар „Јане Сандански“, лево по улица „Фрањо Клуз“, десно по булевар „3-та Македонска Бригада“, лево по булевар„Крушевска Република“, десно по улица „11-ти Октомври“, право до пред Собрание на Македонија каде што е и целта;

И третата траса за маратонот на 42 километри/штафетен маратон: тој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога натпреварувачите ќе дојдат пред Собранието на Македонија продолжуваат уште еден круг право по улица „Димитрие Чуповски“, десно по булевар „Св. Климент Охридски“, лево по булевар „Илинден“ и се трча истата рута како од првиот круг.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.