Денес во oсновното училиште „Мустафа Кемал-Ататурк“ во селото Пласница се спроведе симулациска вежба за земјотрес, кој потоа според сценариото предизвика и пожар. Во состав на вежбата успешно беше извршена и итна евакуација на учениците и вработените во училиштето со целосно почитување на сите безбедносни протоколи.
-Во соработка со ДЗС Македонски Брод, Итната медицинска служба од Здравствениот дом од овој град, Полициската станица и ТППЕ Македонски Брод, реализиравме симулациска вежба за елементарна непогода-земјотрес. Горди сме од посветеноста и подготвеноста што ја покажаа и училиштето со сите вработени и надлежни служби. Ваквите активности се од клучно значење за унапредување на безбедноста и заштитата на нашите ученици и граѓани. Општина Пласница ќе продолжи да реализира слични иницијативи, кои го јакнат системот за брза реакција и грижа за истиот – рече градоначалникот Алија Јаоски. З.А.
