Фото: Емил Јовановиќ

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква.

Стотици христијани вчера вечер се собраа и го дочекаа Христовото воскресение на Плашник во Охрид.

Плаошник е познат како религиозен локалитет уште од почетоците на христијанството, а веројатно и пред тоа.

На 11 август 2002 година свечено беше осветен новоизградениот храм „Св. Климент и Пантелејмон“, кој всушност претставува реплика на Светиклиментовата црква, изградена на истите темели.