Како заокружување на проектот за комплетна изградба на улицата Крушевска Република, во тек е поставувањето на нова водоводна мрежа во вредност од околу 2.000.000 денари, средства од општинскиот буџет.

Во фаза на евалуација, во моментот е постапката за избор на изведувач за изградба на коловоз, за што општината издвои 19.000.000 денари.

Пробивањето и изградбата на оваа улица, ја следи и изградбата на отворениот канал во вредност од 35.000.000 денари, кој е во завршна фаза, а со што се решава собирањето на атмосферските води од Лавчанскиот пат, па се до Тумбе кафе.

На овој начин се овозможува сообраќајно поврзување на улицата Македонска фаланга со новоизградените улици во АРМ, преку изградба на комплетна современа инфраструктура, велат од локалната самоуправа на Битола. М.М.