Општините во земјава ќе добијат можности за поголем пристап за урбани проекти во рамките на програмите на Европската Инвестициска Банка и други финансиски инструменти.

За овие финансиски можности на денешната средба во Општина Велес, градоначалникот Аце Коцевски го информира Драган Давитков, директор на консултантската куќа „Прајс вотерхаус куперс“ која работи на анализа на потребите за финансирање на инфраструктурни проекти.

– Општините ќе имаат поголеми можности за пристап до финансии за значајни урбани проекти во рамките на програмите на Европската Инвестициона Банка и други финансиски инструменти, а во наредниот период ќе разгледаме и можности за реализација на конкретнни инфраструктурни проекти – информира Давитков.

Градоначалникот Аце Коцевски на средбата ги презентираше стратешките приоритети за развој на Велес: Планот за одржлива урбана мобилност и Стратегијата за паметен град, гасификацијата на Велес, заштитата на животната средина и развојот на туризмот.