Сметам дека случајот Онишченко, дава право, не само на директорот на Агенцијата за национална безбедност, туку и на други надлежни органи, сериозно да се зафатат со прашањето за истражување на причините зошто дошло до ова, за да не остане да провејува, она што го нарекувам инсталации на Мијалков, кои што јас ги дефинирам како бизнис-олигархиски врзани – изјави во вечерашната „Топ тема“, професорката на факултетот за безбедност, Фросина Ременски во вечерашната „Топ тема“ на Телма.
– Во тој дел, сметам дека постои добра основа и за вклучување на управата за финансиско разузнавање во малку пошироката истрага. Сметам дека сите лица кои што се потпишале на дел од безбедносните проверки, да бидат ставени под една финансиска истрага. За да се види дали има некаков финансиски или било каков мотив да се прекокнат одредени скалила – изјави Ременски.
Таа подвлече дека во истрагата мора да се опфатат сите актери поврзани со случајот Онишченко.
Во однос на профилот кој треба да го има идниот директор на АНБ, Ременски оцени дека тоа лице ќе треба да ги помине сите филтри во делот на проверката која што не е направена и е пропуштена за повеќе лица кои за жал се уште се во агенцијата за национална безбедност и слугуваат на некои други центри на моќ и интересни групи, кои што се надвор од државните институции.
Две работи треба, сито – да поминат сите вработени, во службите, во обвинителството, во судот и метла. Сито и метла. Реформите треба да продолжат – изјави пратеникот Павле Трајанов.
– Имаме ние некаква конституција на целокупниот систем за безбедност. Мислам дека има и законски недоследности околу тоа кој да ги координира, кој да ги собира информациите, како да дава насоки на државниот врв, да постапува во критични ситуации – изјави Трајанов.
Во однос на профилот на идниот директор на АНБ, Трајанов оцени дека директорот треба да потекнува од внатре, од службата.
– Да биде искусен чесен, значи докажан професионалец и да биде отпорен на политички влијанија. Ако биде таков директор, тогаш треба да бидеме сигурни дека ќе води сметка и за интегритетот и суверенитетот на државата, но и за граѓаните, ќе ги штити нивните права и слободи – изјави Трајанов во вечерашната „Топ тема“ на Телма