Фото: Фејсбук профил на Ведат Османи

Беким Мурати од Демократската унија за интеграција е разрешен од функцијата директор на Агенцијата за вработување. На местото на Мурати, нов директор ќе биде Ведат Османи, потврди за МИА претседателот на Европската демократска партија, Арјанит Хоџа, чиј кадар е Османи.

Мурати преку својот Фејсбук профил вчера информираше за неговото разрешување.

-Почитувани, денеска ја завршив мојата должност како директор на Агенцијата за вработување. Во 2021 година, кога ја добив довербата да ја водам оваа институција, симболична беше застапеноста на Албанците, денес оваа институција со најголема одговорност можам да кажам располага со квалитетни кадри на водечки позиции, но и амбициозни, квалитетни млади луѓе кои можат да одговорат на предизвиците на времето – напиша Мурати.