Фото: МИА

Гори мешана шума од бука и даб меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци. Градоначаникот на Берово, Звонко Пекевски, упати апел за мобилизација на населението.

– Пожарот може да прерасне во големина каква што имавме минатата година. Апелирам до населението, до граѓаните посебно од селата Митрашинци, Будинарци, Мачево, да се упатиме во што поголем број доброволци за побрзо гаснење на истиот со цел да не прерасне во големина каква што имавме минатата година – алармира тој.