Фото: Маја Јаневска-Илиева

Владеењето во Македонија од независноста до денес

Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во својата анализа пишува за тоа како се практикува владеењето во Македонија од независноста до денес. Притоа, тој воочува пет основни карактеристики, кои заедно, во синергија, доведоа до состојба што предизвикува брзо распаѓање, разнебитување, разорување на македонското општество. Со други зборови, петте карактеристики на владеењето во Македонија се суштествени, иманентни, па така и присутни, во поголема или помала мера, во сите владеења од независноста до денес. Како да се излезе од овој магичен круг и да се обезбеди посветла иднина за државата и граѓаните читајте во анализата на академик Коцарев во утрешниот број на „Нова Македонија“