Фото: Маја Јаневска Илиева

Денешниов текст со наслов „Враќањето на комунизмот“, како и претходните три текста „За либералниот социјализам“, „Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ“ и „Капитализмот е мртов“ чинат една целина. Есејот „За либералниот социјализам“ започна со цитат од книгата „Зошто либерализмот не успеа“, додека, пак, денешниов есеј започна со цитат од книгата „Рај во неред“. Живееме во свет на постојани кризи предизвикани од климатските промени, економски и енергетски предизвици, економска нееднаквост, зголемени тензии од новата студена војна… – во свет, каде што (според конзервативни процени) повеќе од три милиони деца годишно умираат од глад или од болести што можат да се спречат, па оттука и потребата за барање излез

„Алтернативите не спречуваат да размислиме и дејствуваме, да одлучиме и да избереме. Поради сите причини објаснети во оваа книга, најдоброто име за овој избор сè уште е комунизам. Не е комунизмот еден од можните избори – тоа е единствениот избор. Другите избори што ни се нудат (како ‘големото ресетирање’ за кое се залагаат големите корпорации) се само начини да се промени нешто, така што ништо навистина нема да се промени. Откако ќе го избереме комунизмот, ќе сфатиме дека моравме да го избереме. Со комунизмот, ние слободно избираме што мораме да правиме, што треба да правиме… Не дека комунизмот неизбежно мора да се случи – можеби нема да се случи, може да завршиме во самоуништувачка оргија или во неофеудален корпоративен капитализам – туку штом ќе го избереме, гледаме дека тоа е единствениот излез“, се завршните зборови на Славој Жижек од книгата „Рај во неред“ (2021 г.).
Денешниов и претходните три текста „За либералниот социјализам“, „Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ“ и „Капитализмот е мртов“ чинат една целина. Есејот „За либералниот социјализам“ започна со цитат од книгата „Зошто либерализмот не успеа“, додека, пак, денешниов есеј започна со цитат од книгата „Рај во неред“. Живееме во свет на постојани кризи предизвикани од климатските промени, економски и енергетски предизвици, економска нееднаквост, зголемени тензии од новата студена војна… – во свет, каде што (според конзервативни процени) повеќе од три милиони деца годишно умираат од глад или од болести што можат да се спречат, па оттука и потребата за барање излез. Според мислењето на Жижек, но и на многу други мислители, единствениот излез е комунизмот.
– Комунистичката хипотеза останува добра, не гледам друга – рече Ален Бадју, во својот предговор на конференцијата „Идејата за комунизмот“, што се одржа во Лондон во март 2009 г., додавајќи: „Ако треба да се откажеме од оваа хипотеза, тогаш веќе не вреди да се прави ништо на полето на колективното дејствување… она што ни е наметнато како задача, дури и како филозофска обврска, е да помогнеме да се распореди еден нов начин на постоење на хипотезата“.
Во малата по обем (има 221 страница), но извонредно провокативна книга „Рај во неред“, Жижек, критикувајќи ги расцепувањето на левица, празните ветувања на либералната демократија и недоволно издржаните предлози на корпоративните моќници, укажува на потребата за, според неговото мислење, меѓународна солидарност, економска трансформација и – пред сè – нов комунизам. Жижек се спротивставува на идејата дека неформалните движења, на пример „Окупирај го Волстрит“ и Протестите на жолтите елеци – движења против економската нееднаквост, корпоративната алчност и влијанието на парите во политиката, би можеле да бидат решение на проблемите. Во неговиот предлог за нов комунизам не се вклучени ниту хиерархискиот централизиран комунизам ниту автономните марксистички движења, меѓутоа, за жал, што е главниот недостаток на книгата, авторот не елаборира што подразбира под поимот нов комунизам. На прашањата: „Дали комунизмот ќе се врати?“ и, ако одговорот на првото прашање е афирмативен, „Во каков облик – либерален социјализам или нешто друго, ќе се имплементира?“ ќе дадам свои видувања во друга пригода – сепак, одговорите бараат многу посеопфатна и подлабока анализа.

Каде оди Македонија? – е прашање што сите го поставуваме. За да одговорам на ова прашање, накусо ќе ги опишам настаните во Полска. По падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година – незамислив настан, настан што не се сметаше за возможен само неколку месеци претходно: распад на комунистичките режими, во Полска се случија неколку „чуда“: првото чудо е изборот на Лех Валенса во 1990 г. за претседател на државата, второто, за многумина, уште поголемо чудо се случи во 1995 г. – пет години подоцна: враќањето на поранешните комунисти на власт преку слободни демократски избори, во рамките на кои Валенса беше целосно маргинализиран и многу помалку популарен отколку генералот Војчех Јарузелски, кој деценија и пол претходно ја скрши Солидарност со воен државен удар и, две децении подоцна, третото чудо – доаѓањето на власт на десничарските популисти, кои ги отфрлаат и комунизмот и либералната демократија. Така, левицата во Полска мораше да умре двапати: прво како „тоталитарна“ комунистичка левица, потоа како умерена демократска левица. Кога луѓето протестираа против комунистичкиот режим во Полска, големото мнозинство од нив не протестираа за да се воспостави капитализмот – луѓето, освен социјалната сигурност, солидарноста, квалитетното образование и здравството, сакаа слобода да ги живеат своите животи надвор од државна контрола, ослободени од идеолошката индоктринација. Така, нивните очекувања во протестите беа, во голем дел, преземени од идеологиите на социјализмот, меѓутоа по воспоставувањето на демократскиот капитализам, реалните придобивки беа повеќе од разочарувачки и оттука, промените во политичкиот живот на Полска.
Тоа што се случуваше во Европа при крајот на минатиот век и распадот на Југославија, за Македонија значеше многу повеќе од сите преостанати држави: првпат Македонија стана независна и суверена држава. За материјалната и духовна деградација во Македонија во изминатите триесетина години веќе пишував во „За либералниот социјализам“. Тука би сакал од друг агол да се осврнам на настаните од независноста до денес: левицата во Македонија, слично како и во Полска, умре двапати: прво како „тоталитарна“ комунистичка левица во 1991 година, потоа како трансформирани социјалдемократи во 2018 година: првото умирање се случи поради, во голема мера, неправедното етикетирање дека не е македонска, туку југословенска партија, второто умирање се случи токму поради спротивното: таа, потпишувајќи ги договорите со Грција и со Бугарија и прифаќајќи ја Преговарачката рамка, навистина се трансформира во немакедонска партија. Второто умирање, според моето мислење, мора и треба да се потврди на претстојните избори. Од денешна перспектива, појавата на вистински носител на левичарските движења во Македонија беше нужност – сепак, духот на социјализмот не е целосно изумрен во Македонија!

Клучното прашање за човештвото, особено за Македонија е: Која политичка структура ќе биде најизразена во артикулирањето на ова незадоволство? Дали тоа незадоволство ќе им се остави на националистичките популисти да го искористат? Или? Тука е големата задача на македонските партии: да го преточат незадоволството што се создава во остварлива програма за промени. Затоа, би сакал да напоменам: прво, македонските партии треба да опстојат во одбраната на македонството и второ, македонската левица треба постепено да се трансформира преземајќи некои концепти на либералниот социјализам…

Во „Неугодното во културата“ Фројд зборува за незадоволството и неугодноста во културата; денес, триесет години по падот на Ѕидот, тековниот нов бран протести во либералните демократии (на пример веќе споменатите протести на жолтите елеци) сведочи за еден вид неугодност во либералниот капитализам, но таква неугодност постои веќе триесетина години и во државите од Источна Европа, но и во државите на Југоисточна Европа, па така и во Македонија. Клучното прашање за човештвото, особено за Македонија е: Која политичка структура ќе биде најизразена во артикулирањето на ова незадоволство? Дали тоа незадоволство ќе им се остави на националистичките популисти да го искористат? Или? Тука е големата задача на македонските партии: да го преточат незадоволството што се создава во остварлива програма за промени. Затоа, би сакал да напоменам: прво, македонските партии треба да опстојат во одбраната на македонството; и второ, македонската левица треба постепено да се трансформира преземајќи некои концепти на либералниот социјализам, водејќи сметка прво, за ќор-сокакот на денешната радикална левица, којшто најдобро е прикажан во единаесетчасовно интервју водено на 18 ноември 2019 година со Томас Пикети и Ален Бадју, и второ, за стратегијата на Денг Сјаопинг за користење на капитализмот за изградба на радикално поинакво општество: инфрацрвено наместо црвено – проект за „прикривање на идеалите од 19 век во реалностите на 21 век“.
Македонија е мала земја и треба многу умешност и мудрост бродот Македонија и покрај сите премрежиња, геополитичките лавиринти, безбројните Сцили и Харидби, да исплови во мирните води на бурниот Балкан, пронаоѓајќи начини да го зачува македонството среде виорот на антимакедонските стратегии однадвор, но најмногу одвнатре. Убеден сум дека во тоа во Македонија ќе успееме! Можеме и мораме – за нашите поколенија!