Нивото на водата во Охридско Езеро и натаму е далеку под просекот за овој период од годината.
Водостојот вчера беше на кота од 693,13 м.н.в., што е за 16 сантиметри под просечното ниво за месецов (693,29 м.н.в), четири сантиметри под природната кота (693,17 м.н.в.), според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Згора, состојбата е дополнително загрижувачка бидејќи нивото се доближува до минимално дозволената кота, односно е само три сантиметри над неа (693,10 м.н.в). Н.М.