Фото: ЕПА

Реномираниот „Волстрит журнал“ деновиве излезе со теза дека „БРИКС се обидува да создаде противтежа на САД и западните сојузници“. Дали тоа значи дека „Волстрит журнал“ тврди дека досегашната глобална тежа била унилатерална и натежнувала само на една страна? Во тезата на „Волстрит журнал“ се кажува и дека „БРИКС е во обид да се промени светскиот поредок“. Следствено на претходното, значи ли тоа дека весникот тврди дека досегашниот светски поредок е создаден за бенефиција само на една страна?! Исклучително невообичаено тврдење…

„Волстрит журнал“ излезе во јавноста со невообичаено предупредување:

БРИКС е пред Г7 во однос на својот придонес во глобалниот БДП; оваа меѓународна асоцијација контролира речиси половина од светските резерви на нафта и производството на храна, плус екстракција на стратегиски метали, како алуминиум и паладиум. Западот сето тоа го гледа и толкува на своевиден начин, а рефлексијата на таквите мислења и ставови на Западот одвреме-навреме излегува и во повеќе реномирани западни медиуми, како што се „Волстрит журнал“, „Дојче веле“, „Хил“…

Стариот БРИКС и новиот БРИКС

„Стариот“ БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) е 32,1 отсто од светскиот БДП, „Седумте“ (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, Франција, Јапонија и САД) се 29,9 отсто. Ова се резултатите од минатата година. Со официјалното пристапување на Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и ОАЕ, БРИКС веќе сочинува 35 отсто од глобалниот БДП, како и 45 отсто од резервите на нафта, што е половина од целата храна произведена на планетата. Поточно, 49,5 отсто пченица, 56 отсто ориз.
Покрај тоа, таа го зазема лавовскиот дел од глобалното производство на стратегиски метали, вклучувајќи ги и високотехнолошките. Економистите сметаат дека доминацијата во оваа индустрија е одлучувачка предност.
Имено: околу две третини железна руда, 80 отсто алуминиум. Во однос на резервите на ретки метали, БРИКС го надминува Г7 речиси за 30 пати. Пред сѐ, благодарение на Кина, која контролира до 90 отсто од пазарот. И овие ресурси се управуваат заеднички.
Годинава во Индија беше откриено наоѓалиште на литиум, неопходно за производство на електрични возила. Исто така, обновливата енергија е критично зависна од инпутот на БРИКС. Според „Енерџи плус“, токму „ова е апсолутна закана за енергетската безбедност на ЕУ, САД и Јапонија“.
Понатаму, трговските ограничувања на металите од ретки земји или радикалните зголемувања на цените би можеле значително да го намалат темпото на зазеленување во земјите од Г7.
Енергетските експерти потсетуваат дека еден друг моќен адут на БРИКС се резервите на ураниум. Истите тие нагласуваат дека е факт дека „Западот продолжува да купува нуклеарно гориво од Москва, и покрај какви било санкции“(?!), при што додаваат дека во земјите на БРИКС има најнапредни технологии за повторна употреба на искористеното нуклеарно гориво, кое сега сочинува околу 20 отсто од вкупните ресурси. Односно, БРИКС има безусловни конкурентски предности во нуклеарната енергија.

Нов финансиски систем во меѓународната трговија

Западните финансиски експерти издвојуваат дека една од главните цели на БРИКС е градење функционален систем, независен од влијанието на доларот. Имено, актуелно е дека токму „порамнувањата и кредитирањето во национални валути се прошируваат“.
На пример, со Кина, веќе 95 отсто од трговските трансакции се во рубли и јуани. Токму тоа служи како модел за партнерите. Економските експерти предвидуваат дека процесот на дедоларизацијата на светската економија ќе има негативно влијание не само на САД туку и на целата Г7. Според експертите, во иднина ќе се појави алтернативен финансиски систем со толку значајни инструменти како резервните валути. „ФД интелиџенс“ е уверена дека инвестициското влијание на Г7 ќе ослабне. За странските директни инвестиции, БРИКС сѐ повеќе се потпираат само на себе. Според нивното мислење, следните фази се формирање алтернативи на ММФ и Светската банка (веќе постои банка БРИКС), а потоа и меѓународни инвестициски механизми и инвестициски фондови, развој на должнички и кредитен пазар на БРИКС, создавање систем за поддршка на странските трговија – факторинг, извозно кредитирање и гаранции…

Според повеќе западни анализи, западните влади сѐ повеќе се загрижени за зајакнувањето на економијата и за растечкото геополитичко влијание на блокот – БРИКС. Според американскиот аналитички центар „Атлантски совет“, зајакнувањето на БРИКС со текот на годините постепено ќе им ја одзема моќта на Вашингтон и другите западни земји, во смисла на одземање на алатката на Западот „стапот или морковот“, за оние земји што ќе излегуваат од досега воспоставениот систем (економско-финансиски, политички, безбедносен итн.), на западните земји над земјите во развој.
– Со текот на времето тоа би можело да ја поткопа способноста да се казнуваат или изолираат земјите што водат политика неповолна за Вашингтон. Особено ако развиваат алтернативни системи за плаќање и методи на тргување на кои немаат моќ – нагласуваат од „Волстрит журнал“, кој проширувањето на БРИКС го нарекува „обид да се промени глобалниот светски поредок, да се создаде противтежа на САД и нивните сојузници“. „Хил“ истакнува дека тоа ги загрозува американските интереси на Блискиот Исток. БРИКС се прошири со шест нови членови, а уште дваесет чекаат покана. Оваа коалиција ја оспори доминацијата на Г7, забележува весникот „Хил“.
„Дојче веле наведува“ дека таква сериозна закана бара „сеопфатен одговор на Западот“.

„Дојче веле“: Сериозната закана од БРИКС бара „сеопфатен одговор на Западот“

Според повеќе западни анализи, западните влади сѐ повеќе се загрижени за зајакнувањето на економијата и за растечкото геополитичко влијание на блокот – БРИКС.
Според американскиот аналитички центар „Атлантски совет“, зајакнувањето на БРИКС со текот на годините постепено ќе им ја одзема моќта на Вашингтон и другите западни земји, во смисла на одземање на алатката на Западот „стапот или морковот“, за оние земји што ќе излегуваат од досега воспоставениот систем (економско-финансиски, политички, безбедносен итн.), на западните земји над земјите во развој.
– Со текот на времето тоа би можело да ја поткопа способноста да се казнуваат или изолираат земјите што водат политика неповолна за Вашингтон. Особено ако развиваат алтернативни системи за плаќање и методи на тргување на кои немаат моќ – нагласуваат од „Волстрит журнал“, кој проширувањето на БРИКС го нарекува „обид да се промени глобалниот светски поредок, да се создаде противтежа на САД и нивните сојузници“.
„Хил“ истакнува дека тоа ги загрозува американските интереси на Блискиот Исток.
БРИКС се прошири со шест нови членови, а уште дваесет чекаат покана. Оваа коалиција ја оспори доминацијата на Г7, забележува весникот „Хил“.