Почина новинарот Иван Андреевски. Андреевски беше роден на 25 јуни 1947 година, во Доленци, Демирхисарско. Завршил студии по политички науки во Белград и од 1971 година стапил на работа во Македонската радиотелевизија, како нејзин стипендист.

Работел на репортажи, документарни филмови, фељтони.

Бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје (1986-1990); ангажиран од Ројтерс, Слободна Европа, Јутел и како претседател на Здружението на новинарите на Република Македонија.

Од 2006 година беше член на Советот за радиодифузија.