Колишевски бил еден од ретките југословенски револуционери што имале храброст да му се спротивстават за некои јазични ставови на Ј.Б. Тито. Во дискусија за јазикот на седница на Извршниот комитет на СКЈ во 1963 година, тој, меѓу другото, му рекол на врховниот командант: „Впрочем, кога се работи за рамноправност и на нациите и на нивните јазици, бројот и големината на една нација не може да имаат никаква улога за поголемата од друга нација или помалку развиена нација“.
Така рекол Колишевски, реченици што може да им послужи како пример на денешниве политичари во одбрана на македонскиот јазик, ако воопшто сакаат да го одбранат…

Прочитајте го во утрешниот број на „Нова Македонија“, новиот авторски текст на Панде Колемишевски „Воскреснувањето на Лазар Колишевски“.