Фото: СВР Прилеп

Синоќа СВР Битола-Отсек за превенција во рамки на проектот „Безбедно лето“, во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица Прилеп, на подрачјето на Прилеп реализира превентивна активност „Соседска патрола“ во која учествуваа родители, педагошки служби од основни училишта и др..

Притоа, велат ид СВР Битола била извршена контрола и посета во повеќе угостителски објекти, паркови и други јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови. Во два угостителски објект биле затекнати пет малолетници од Прилеп кои конзумирале алкохол.

По целосно документирање на случајот против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Целта на ваквите активности, велат надлежните, е родителите на малолетниците да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца и како да се препознаат и превенираат ризиците од вакви појави на девијантно однесување.

Ка М.