Фото: фејсбук / Оливер Спасовски

Со посебен пиетет положив цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, во кругот на МВР, а по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, напиша на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

 

– Овој ден посветен на полициските службеници на Република Северна Македонија, кои практично се хероите на нашето време. За жал, некои од нив, борејќи се за безбедноста на граѓаните и државата, ја дадоа и најскапоцената жртва – своите животи, поради што на овој ден со неизмерна почит се потсетуваме на нив и нанивната храброст, како вечна инспирација за сите нас! Затоа и велиме дека да се биде полицаец, да се биде припадник на Министерството за внатрешни работи – претставува посебна чест и огромна одговорност – објави Спасовски на фејсбук.

Фото: фејсбук / Оливер Спасовски

Вашите постигнати резултати се одраз на посветеностa и стручностa во справување со сите национални и глобални предизвици, напиша на фејсбук премиерот Димитар Ковачевски, по повод Денот на македонската полиција.

– Ви честитам на ефикасноста во борбата со корупцијата и организираниот криминал, за што показател се реализираните резултати во 2022 година – сузбиени 15 криминални групи, запленети над 2,4 тони дрога со проценета вредност од 6 милиони евра на црниот пазар, спречени се над 26 илјади обиди за илегални преминувања на границите – објави Ковачевски.

Проектот за реконструкција и изградба на полициските станици, со кој досега е опфатена завидна бројка од 78 комплетно реконструирани објекти, најголем дел енергетско ефикасни, а обезбедени се и повисоки плати и нови униформи за сите полициски единици – додаде Ковачевски.

– Заедно со силите на ФРОНТЕКС успешно се справувате со нелегалната миграција и ги браните нашите граници, постапувајќи во служба на државата. Ви посакувам и понатаму успеси во обезбедувањето мир и стабилност во општеството – стои во фејсбук објавата на Ковачевски.

Честитка до македонските полицајци на својата фејсбук страна објавија и од Владата.

– Како одговорна влада ги подобривме условите за сите припадници на полицијата, за коишто обезбедивме континуиран пораст на платите и подобри услови за работа, за што и понатаму ќе продолжиме да бидеме посветени. Упатуваме честитки за операционализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Македонија (ФРОНТЕКС) што ќе придонесе за понатамошно имплементирање на европските стандарди во граничното управување – стои во објавата на фејсбук од Владата.