Фото: МИА

На денешната владина седница министерот за европски прашања, Орхан Муртезани е назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Македонија во Европската Унија – соопштија од Министерството за европски прашања.

За заменик на главниот преговарач е назначена заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков.

На оваа седница, се наведува во соопштението, задолжено е Министерството за европски прашања да подготви нова Одлука за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Македонија во Европската Унија.