Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека извршител на двете убиства, на убиството на малата Вања и на велешанецот Панче Жежовски, е првоосомничениот за убиството кој е во бегство, покажала предистрагата.
За него има информации дека е заминат за Србија, а потоа во Бугарија и за него ќе биде распишана меѓународна потерница.
Прес-конференција за убиството на Вања
На прес-конференцијата, Спасовски рече дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија.
Девојчето, како што кажа министерот, според добиените информации во истрагата, било грабнато во влезот на зградата, и биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и така била киднапирана.