Фото: Министерство за здравство

Првата трансплантација на црн дроб од починат донор денес за првпат беше изведена во Македонија. Трансплатацијата се изведе на Клиниката за дигестивна хирургија.
Шеeсетгодишен пациент со хронично заболување на црниот дроб доби здрав орган од пациент со мозочна смрт, чие семејство синоќа се согласи да му ги донира органите.

Покрај црниот дроб, во моментов е во тек и трансплантација на бубрег кај двајца пациенти со бубрежна болест.
– Во мое лично име и во име на целиот персонал вклучен во интервенцијата за трансплантација, би сакал да му се заблагодарам на семејството на донаторот и нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Уште еднаш ни покажаа дека може да се донира живот. Исто така, им благодариме на сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата, кои работеа и продолжуваат да работат со пациентите во последните 24 часа. Посебна благодарност упатуваме до професорот Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денеска испишаа нова страница не само во областа на дигестивната хирургија, туку и во општото здравје – напиша министерот за здравство Беким Сали на својот фејбук-профил.

Фото: Министерство за здравство