Тројца затвореници влегле во канцеларијата во зградата на затвореното одделение во затворот „Идризово“, во која имало вработени лица, при што едниот од осудениците оштетил дел од инвентарот.
Инцидентот се случил вчера во 14.30 часот, и истиот го пријавиле од КПУ Затвор Идризово. Како што се наведува во пријавата, се работи за осудениците Р.К.(34), Н.З.(31) и Б.З.(32).
За случајот е запознат Јавен обвинител и се работи на негово расчистување.